Шумскиот пожар во близина на Чернобил предизвика зголемување на радиоактивноста

301

УКРАИНА вчера забележа зголемување на радиоактивноста како резултат на шумски пожар што избувна во саботата во областа околу нуклеарната централа Чернобил, каде што се случи најтешката нуклеарна несреќа во историјата на човештвото во 1986 година.

„Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот“, напиша на Фејсбук Егор Фирсов, кој раководи со еколошката инспекцијска службата.

Пораката на Фирс беше придружена со видео-снимка на Гејгеровиот бројач кој покажува 16 пати поголема радиоактивност од нормалната.

Реактор што експлодира во 1986 година ја загади три четвртини од Европа

Пожарот опфати повеќе од 100 хектари шума околу нуклеарката, на околу 100 километри северно од Киев.

Службите за итни случаи вчера соопштија дека нема зголемување на радиоактивноста откако во саботата изјавиле за тешкотијата околу борбата со оганот во некои области.

Властите тврдат дека соседните места не биле загрозени.

Два авиони, еден хеликоптер и сто пожарникари се борат со пожарот.

Реакторот бр. 4 во Чернобил експлодирал на 26 април 1986 година и контаминирал околу три четвртини од Европа. По катастрофата, властите евакуираа стотици илјади жители.

Трите преостанати реактори во погонот продолжиле да функционираат и по несреќата. Последниот е запрен во 2000 година, што го означи крајот на производството на електрична енергија во Чернобил.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео