ЗДРАВА ХРАНА

Шумски јагоди – многу покорисни од домашните јагоди

By kukuriku

November 01, 2020

За разлика од јагодите што се продаваат на пазар и во маркети, шумските се многу помали и никнуваат сами во природата.

Токму тоа што не се одгледувани во градина ги прави многу похранливи и покорисни. Тие не се толку благи, но имаат интензивен вкус и мирис.

Корисните бенефити се многубројни – помагаат при главоболка, го чуваат срцето, го подобруваат имунитетот и видот, а чајот од лист од шумска јагода е корисен при воспаленија на грлото и дишните патишта, како и при кожни инфекции.

И листот и плодот се одлични против анемија, а делуваат и при повишен холестерол и покачен крвен притисок.