Што се случува во телото 10 часа откако ќе ставите лак за нокти?

1327

Лаковите за нокти веќе не се безопасна игра за разубавување. Хемикалиите кои некои од нив ги содржат можат сериозно да го нарушат вашиот ендокрин и репродуктивен систем, но и да ја надразнат кожата.

Лаковите за нокти се преполни со хемикалии, а доколку пречесто ги нанесувате, ноктите можат и да пожолтат. Добро е одвреме навреме да не ги лакирате ноктите и да пуштите да се одморат. Еве кои хемикалии ги содржат лаковите за нокти.

Толуен- му дава сјај на лакот и го чува пигментот. Но, толуенот може да влијае на средишниот нервен систем и да предизвика проблеми со плодноста. Главоболките, несвестицата и вртоглавицата се исто така последици на честото користење на лаковите со оваа состојка.

Формалдехидот – безбојниот плин кој го продолжува рокот на лаковите за нокти. Ако страдате од алергија, контактот со формалдехидот може да предизвика дерматитис и да предизвика хемиски опекотини. Во најлош случај може да поттикне пореметувања на срцевиот ритам, конвулзии па и да влијае на појавата на рак.

Дибутил фталат- се користи како мирис во лаковите. Неговата присутност се поврзува со пореметената работа на штитната жлезда, гинеколошките проблеми па и болестите на респираторниот тракт. Истражувањето кое заедно го спровеле Duke University и Еnvironmental Working Group откриле дека штетните хемикалии од лаковите за нокти продираат во нашето тело и ја пореметуваат работата на целиот организам.

Проучувале 24 жени, само шест часа откако ги налакирале ноктите повеќето жени имале зголемено ниво на дифенил фосфат. Десет часа подоцна, нивото на дифенил фосфат во нивните тела било седум пати поголемо од нормалното.

Станува збор за хемикалија која се создава кога телото се обидува да го разгради ТПП, тоест трифенил фосфат кој го има во дифенил фосфатот. Проблемот со оваа хемикалија е што го попречува ендокриниот систем кој ги контролира сите наши хормони, а сè повеќе има докази и дека влијае и на метаболизмот, рапродукцијата и развојот.