ИСТРАЖУВАЊА

Што се случува во организмот кога јадеме јагоди?

By kukuriku

October 28, 2020

Јагодите се богати со витамин Ц, фолна киселина и аминокиселини, поради што се препорачуваат како еликсир кој го намалува холестеролот и го намалува ризикот од рак и од срцеви болести.

Ги зајакнуваат коските, го чуваат здравјето на очите, го забавуваат процесот на стареење, имаат противвоспалителен ефект.

Јагодите се нискокалорични и богати со влакна, затоа се одлични во борба со вишокот килограми.

Истражувањата покажуваат дека доколку се консумираат пред тренинг, го забрзуваат метаболизмот и влијаат на согорување на калориите.

Киселините во јагодите помагаат за избелување на забите, а одлични се и како средство за нега и чистење на кожата.