ТЕХНОЛОГИЈА

Што се bots и botnets | Растечка сила

By kukuriku

October 05, 2020

Ботовите се едни од најсофистицираните и најупотребуваните алатки во компјутерскиот криминал денеска.

Тие му дозволуваат на хакерот да завземе контрола врз многу компјутери во исто време и да ги претвори во „ зомбиња”, кои стануваат дел од моќна мрежа на ботови (ботнет/botnet) со цел да шират вируси, да спамуваат и да вршат други видови на online криминал и измами.

Што е бот?

Бот е еден вид на малициозен софтвер кој му овозможува на напаѓачот да ја преземе контролата над заразените компјутери. Исто така, познати како “Веб роботи”, ботовите обично се дел од мрежата на заразени машини, позната и како “ботнет”, која најчесто е составена од заразени компјутери и машини кои се распостранети низ целиот свет.

Бидејќи, компјутерите кои се заразени со ботови сè уште работат под команда на сопственикот, многу луѓе ги нарекуваат овие компјутери/машини „ зомбиња“. Луѓето или криминалците кои ги контролираат овие ботови/„зомбиња”, најчесто ги нарекуваат боттери или ботмастери.

Некои мрежи на ботови (ботнет/botnests) можат да имаат неколку стотици или неколку илјади компјутери „зомбиња”, но некои дури имаат стотици илјади, па дури и милиони заразени компјутери што се под нивна контрола.

Како функционираат ботовите

Ботовите можат да го заразат компјутерот на жртвата на многу начини. Ботовите, најчесто се шират преку интернет мрежите барајќи ранливи и незаштитени компјутери кои можат да ги заразат. Кога ќе најдат некој изложен компјутер кој нема никаква заштита, тие брзо наоѓаат начин да влезат и во рок од неколку секунди го заразуваат целиот компјутер/систем. Кога ќе завршат со тој процес тие праќаат извештај назад до нивниот сопственик, и му укажуваат дека успешно ја заразиле машината. Нивната цел е да останат неприметени и скриени се додека сопственикот не им даде некоја задача.

Откако еден компјутер ќе биде превземен од страна на бот, истиот може да биде искористен за различни автоматизирани задачи, како што се:

Sending / Праќање

Тие праќаат:

Stealing / Крадење

Тие, крадат персонални и приватни информации и ги праќаат назад до напаѓачот:

DoS (Denial of Service) напади

Clickfraud / клик-измама

Како да се заштитите од ботови

За да се заштитие од штетни ботови кој би можеле да ви го повредат компјутерот или да ви ја нарушат приватноста, ви препорачуваме да ги направите следниве работи: