ЗДРАВА ХРАНА

Што да јадете, а што не доколку имате висок холестерол и триглицериди?

By kukuriku

June 14, 2022

Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди (масти) во телото.

Постојат неколку типови на холестерол односно, “добар холестерол” или HDL и “лош холестерол” или LDL.

Нивото на LDL холестеролот може да се покачи како резултат на генетски нарушувања, лоша исхрана и неактивен живот стил. Сето тоа може да предизвика натрупување на холестеролот на крвните садови и појава на артериосклероза, која е една од главните причини за појава на срцеви и мозочни удари. Во взаемно дејство со лошиот холестерол функционираат и триглицеридите, така што високи триглицериди значат и висок ризик од артериосклероза.

Од друга страна пак “добриот холестерол” има за цел да ги троши мастите од телото и да ги чува крвните садови и срцето.

Со промена на животниот стил и прехранбени навики, може да се намали холестеролот и да се успори процесот на артериосклероза.

Подолу е табела на намирници кои би требало да ги јадете и намирници кои не смеете да ги консумирате доколку резултатите од испитување на крвта покажуваат дека имате зголеми масти во телото.

За да го намалите холестерол и триглицеридите во крвта морате да направите промени во исхраната. Горе наведените намирници во последната колона, потрудете се да ги ограничите максимално.

Започнете со физичка активност барем три пати неделно, пешачете и трудете се да останете што е можно повеќе подвижни.

Физичката активност и промените во исхраната ќе во помогнат и да го регулирате шеќерот кој вообичаено е во заедничка врска со холестеролот и триглицеридите и се главните причини за кардиоваскуларни заболувања.

fitlife.com.mk