ЗДРАВЈЕ

Штетни навики пред спиење

By kukuriku

May 02, 2021

Чувство на замор или зголемена активност, болести или моментални болки со стомакот, прекинат сон?

Дали вашите навики во исхраната имаат потреба од ревизија?

Излегува дека тоа што го конзумираме во текот на денот влијае значително на квалитетот на сонот. Еве четири штетни навики, од кои е подобро да се ослободите.

Вечерате премногу рано

Можеби желбата ви е да не си легнувате со полн стомак или почитувате некоја диета, но ако вечерата ви е кон 17-18 часот, а заспивањето кон полноќ, постои ризик да ви се пријаде во непогоден час или да не можете да заспиете од глад . Коригирајте го тоа, со тоа што ќе каснете нешто малку пред спиење, што не е со повеќе од 250 калории .

Свеж зеленчук, јаболко, банана, чаша млеко (одберете само еден од наведените и не ја мешајте храната). Протеините во млекото на пример ќе му помогнат на вашето тело да се опушти и да се подготви за спиење. Ако каснете обилно пред спиење, ризикувате да се влоши варењето. Затоа нека има рамнотежа.

Пиете кафе во доцните попладневни часови

Знаете ли дека на организмот му се потребни околу 6 часа, за да се елиминира само половина од количеството кофеин што сме го примиле во текот на денот? Тоа значи дека убавото попладневно кафе може да ве држи будни во текот на ноќта. Кофеинот предизвикува загриженост кај некои луѓе. Затоа, ако страдате од проблеми со спиењето, избегнувајте да пиете кафе во подоцнежните попладневни часови.

Обилна вечера

Една од најчестите грешки кои ги дозволуваме е да се наситиме обилно непосредно пред спиење. Тогаш на телото му е потребно да работи на два процеса – спиење и варење, што спречува да заспиете. За да спиете мирно, секогаш приготвувајте си полесна вечера.

Не конзумирате доволно храна за спиење

Нашите тела имаат потреба од серотонин, но и од важниот мелатонин, за да имаме исполнет сон. Многу овошје и зеленчук може да помогнат за синтеза на овие два хормони, како црешов сок, киви, банани.

Бананите содржат магнезиум и калиум , кои се важни за добар сон , а црешовиот сок по природен пат го зголемува нивото на мелатонин и серотонин во организмот. Серотонинот нè смирува штом се опуштиме во кревет, а останатото го оставаме на мелатонинот. Затоа, ако навечер не јадете од овие плодови, обидете се да го промените тоа.