COLUMNS

Шпанија не е Југославија, Војводина не е Каталонија

By KUKURIKU.mk

October 06, 2017

Флоријан Бибер, експертот за Балкан на универзитетот во австриски Грац, го спореди забранетиот референдум за независност на Каталонија со неколку балкански случаи.

Тој прецизира дека Шпанија не е Југославија, ниту е Каталонија Словенија или Хрватска, како што вели дека Истра, Војводина или Република Српска не се Каталонија.

Во изјава за Радио Слободна Европа, Бибер истакнува дека причините, динамиката и политичките процеси кои водат кон создавање на некое движење за независност се специфични, но успесите, според него, им се препишуваат на групите за независност, а поразите на државите.

Тој истакнува дека единствената клучна разлика меѓу Косово и Каталонија е насилството.

И покрај жестокиот полициски одговор во неделата, тој смета дека движењето за независност на Каталонија не може да тврди дека тука станува збор за историја на репресија како што можело Косово.

„Дури и пред војната од 1998-99, одземањето на автономијата сугерираше дека Косово не може да смета на некаков договор за автономија со Србија“, истакна Бибер, кој тврди дека ова не е случај кога станува збор за Каталонија, која ужива широка самоуправа, и, и покрај тврдоглавата и нефлексибилна политика која ја спроведува владата на Рахој, не може да се каже дека е во иста позиција.

Шпанија, вели тој, е демократија, додека Југославија и Србија во деведесеттите не биле тоа.

„Постои паралела во фактот дека колку е центарот е побескомпромисен и потврд, толку е поизвесно дека народот ќе ја поддржи независноста“, кажа Бибер и истакна дека насилството во неделата е најдобрата реклама за движењата на независност.

Тој потсетува дека неколку години пред референдумот во Словенија и Хрватска во 1990 малцинството беше за независност, но дека „политиката на цврста рака“ на тогашниот претседател Слободан Милошевиќ „ги катапултираше националистите на власт и обезбеди поддршка за одалечување од Белград“.

„Ова, нормално, може да се повтори, иако ни Војводина ни Истра не се веројатни кандидати за тоа“, смета Бибер и додава дека најизгледно е во регионот независност да бара Република Српска.

„Додик го користи референдумот за да укаже на наводното лицемерие на Западот, но неговиот аргумент не е добар: Република Српска, како ни Каталонија, не се соочува со репресија“, смета Бибер.

Затоа, додава, клучното прашање за Босна и Херцеговина, како и за Шпанија, е како ќе одговори на движењата за независност.

„Британскиот или канадскиот начин на дозволување на гласање е еднот пат, но тука е можен само ако постои стабилен демократски процес кој обезбедува слободно гласање. Без дилема, во Шпанија е таков случајот“, истакна Бибер.

„Во Република Српска референдумот би бил поврзан со многу поголеми ризици и фокусот би бил врз тоа дали регионот, кој настана пред само 25 години преку масовно етничко чистење, може да полага право на легитимитет на историска област како што се тоа Каталонија или Шкотска“, вели Бибер.