ECOLOGY

Шокантно | Во Мексико пронајдени 300 мртви желки, се заплеткале во рибарските мрежи и удавиле

By kukuriku

November 02, 2021

Станува збор за маслинови желки кои се на листата на ранливи видови.

Најмалку 300 мртви морски желки, маслинови желки, се пронајдени на брегот на Тихиот Океан во Мексико, кои Меѓународната унија за зачувување на природата ги вброи меѓу ранливите видови, јавува BBC.

Според првичните информации, желките се удавиле бидејќи најверојатно биле заплеткани во нелегални рибарски мрежи на отворено море или во отфрлени мрежи, таканаречени „мртви мрежи“, соопшти мексиканското Министерство за животна средина.

Желки се пронајдени на плажата Morro Ayuta во Оксака на западниот брег на Мексико, која е една од ретките плажи каде маслинови желки доаѓаат да ги снесат јајцата. Овој вид желки се смета за ранлив вид токму поради тоа што несат јајца на ретки локации.

Истрагата за причините за смртта е во тек

Сите мртви желки биле женки, изјави експертот за желки Ernesto Albavera Padilla за мексиканските медиуми. Мексиканската морнарица и Агенцијата за заштита на природата ќе ја испитаат причината за смртта на желките, а припадниците на тие служби ги закопале мртвите желки на плажата.

Ова не е првпат во тој дел на Мексико да се најдат голем број мртви маслинови желки. Во 2018 година, рибарите пронашле 300 мртви желки заплеткани во рибарски мрежи. Мексико во 1990-тите го забрани фаќањето на морски желки и строго ги казнува сите што ќе ги убијат.