Chang'e-4: Кинески ровер што ја истражува Месечината

ВСЕЛЕНА

Шокантно откритие на Месечината | Ова го менува сето она што знаеме досега

By kukuriku

January 28, 2021

Вселенското зрачење на Месечината е два до три пати поголемо отколку на Меѓународната вселенска станица, што ќе биде најголема опасност за истражувачите во иднина, откри кинеската лунарна сонда Чанг-4.

Кинеско-германскиот тим во американското списание „ScienceAdvance“ презентираше податоци за зрачењето собрани од Change-4, кинеска сонда, која слета на подалечнатаа страна на Месечината во јануари 2019 година.

Овој пронајдок е прво целосно мерење на изложеноста на зрачење од Месечината. Податоците се од витално значење за НАСА, но и за сите други субјекти кои планираат да испраќаат астронаути на Месечината, пренесува CRI.

Ова е огромно достигнување бидејќи имаме сет на податоци што можеме да ги искористиме за да ги измериме основните нивоа на зрачење и подобро да го разбереме потенцијалниот ризик за луѓето на Месечината, рече Томас Бергер, физичар од медицинскиот институт на Германската вселенска агенција.