Шокантно истражување | Починатите од ковид имале вирус во срцето

190

Три четвртини од починатите од коронавирусот имале вирус во срцето, покажува најновото истражување на срцевото ткиво.

Жртвите имале абнормални аритмии на срцето пред да починат, објави американското научно списание „Сајенс“. Според студијата објавена во него, болеста може да го оштети срцето, но воедно истражувачите презентирале и одредени третмани кои може да спречат фатален исход.

Научниците собрале доволно докази за оштетувањето на срцето кај пациентите со коронавирус, а се покажало дека одредени пациенти имале зголемено ниво на тропонин, молекули кои се ослободуваат во крвта кога ќе дојде до оштетување на срцето.

Некои добиле воспаление на срцевата кеса која го опкружува срцето, а дошло и до воспаление на самото срце, меѓутоа не е јасно дали овие проблеми ги предизвикал коронавирусот кој го нападнал срцето директно или сето тоа е последица на преактивен имунолошки одговор.

Истражувањето е спроведено во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво, а се вршело на над 20 примероци од 42 пациент. Се покажало дека коронавирусот бил присутен во 30 срца.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.