Шокантна причина зошто се случила пандемијата од коронавирус

483

Водечкиот американски биолог Томас Лавџој тврди дека луѓето самите довеле до појава на пандемијата на коронавирус со прекумерно нарушување на одредени природни живеалишта.

Американскиот биолог смета дека пандемијата е резултат на прекумерно вклучување на луѓето во одредени природни живеалишта и широко распространета нелегална трговија со диви животни.

„Ова не е одмазда на природата, ние го сторивме тоа сами“, рече Лавџој за „Гардијан“.

Секоја година, научниците откриваат од два до четири нови вируси кои се појавиле како резултат на кршење на правилата на природниот свет од страна на луѓето, а кој било од нив може да доведе до пандемија, рече познатиот биолог, креатор на терминот „биолошки диверзитет“.

Коментарите на научникот дојдоа откако Центарот за американски напредок објави извештај во кој се вели дека Соединетите држави треба да ги засилат напорите за борба против трговијата со животински свет за да спречат пандемии.

Лавџој истакнува дека одвојувањето на дивиот свет од домашните животни на пазарите значително ќе го намали ризикот од пренесување на вируси што на тој начин би имале помалку потенцијални домаќини. Сепак, тој верува дека трговијата со диви животни не е лесно да се укине, и дека ваквиот потег ќе ја направи оваа форма на трговија црн пазар што ќе биде многу потешко да се регулира.

Позицијата на американскиот биолог е во согласност со студијата објавена овој месец во списанието „Proceedings of the Royal Society B“, во која се истакнува дека пандемијата најверојатно се должи на зголемувањето на фреквенцијата на контакти на луѓе со диви животни.

Иако се согласуваат за негативните влијанија од трговијата со животински свет, експертите се поделени за тоа како да се регулира областа.

Многу научници и хуманитарни организации предупредуваат дека опстанокот на многу луѓе зависи од оваа форма на трговија. Тие веруваат дека поедноставените и недискриминирачки ограничувања во оваа област ќе доведат до зголемена сиромаштија, нееднаквост и криминал, како и експлоатација и истребување на многу видови.