Чарли Чаплин, една од најголемите sвезди на седмата уметност, култна фигура на киноматографијата, покрај неговите големи достигнувања во филмот и големиот талент, бил познат и како прв што го вовел методот “casting couch” или “со секс за улога”. Серискиот сексуален предатор најмногу сакал секс со тинејџерки.
Неговата цел била да спие со секоја жена што ќе му се допадне. Тој организирал оргии со неговиот колега Фети Арбакл. Во доба на немиот филм, тој на каучот со картички им покажувал на девојчињата што требале да сторат и на крајот тие ќе завршеле целосно голи пред него. Потоа им фрлал пити, а потоа ги лижел остатоците од нив.
Тој имал четири брака, со сите сопруги почнал да се забавува додека биле малолетнички, а со првите две се оженил веднаш штом наполниле 16 години. Третата жена имала 19 години кога се оженил со неа, но таа излажала дека има 16 години. Тој се развел од сите, а потоа дошла последната и најважната жена во неговиот живот. Нејзиното име е Уна, аод не бил 36 години постар. Таа имала 17, а тој 53 кога се запознале.
Со својата прва сопруга, актерката Милдред Харис, се ожени кога таа имала само 16 години откако дознал дека е бремена. Тогаш имал 29 години. Се развеле четири години подоцна. Како причина за разводот, Милдред ја наведе суровоста.
Неговата втора сопруга, актерката Лита Греј, ја запознал на снимање на филм и се оженил со неа во 1924 година кога таа имала само 16 години. Тој тогаш имал 35 години. И овој пат се оженил со неа само за да избегне скандал затоа што и таа била бремена. Ја молел да абортира, но таа не сакала. По венчавката не се грижел многу за неа. Веднаш ѝ дал до знаење што мисли за неа, нарекувајќи ја „мала курва“.
Бракот во кој имале два сина траел кратко. Се развеле во 1927 година и тоа бил најскапиот развод дотогаш во Америка и најголем холивудски скандал во тоа време.
Третата сопруга на Чаплин, актерката Полет Годард, која се појавила во неколку негови филмови, имала дури 19 години кога се венчале. Меѓутоа, кога се сретнале, таа изјавила дека има 16 години. Со неа во брак бил шест години.
Уна О’Нил беше неговата последна сопруга со која имал осум деца и останал со неа до неговата смрт. Уна О’Нил требала, а секој што ја познавал верувал, да направи големи работи во животот. Таа била убава, згодна, шармантна, образована, привлечна, од угледно семејство и била посакувана. Ќерката на еминентниот писател, нобеловецот Јуџин О’Нил и писателката Агнес Болтон, очекувано било да стане важна и позната како нејзините родители. Одела во најдобрите училишта, се дружела со тогашната елита во Њујорк. Излегувала со Орсон Велс и била во врска со шест години постариот познат писател Ј.Д. Селинџер, автор на „Ловецот во житото“.
Меѓутоа, тогаш Уна решила да замине за Холивуд и да стане актерка. Но, таму, 17-годишната се сретнала со 53-годишниот Чаплин, кој решил да ја ангажира за неговиот нов филм. Чаплин напишал дека веднаш по средбата со неа го погодила нејзината убавина и шарм. Тој ја опиша средбата со неа како „најсреќниот настан во животот“.
Бракот на Уна и Чаплин толку го налути нејзиниот татко, кој беше врсник на Чаплин, толку многу што тој ја остави без наследство и никогаш повеќе не ѝ прозборел ни збор.
Според книгата на Питер Акројд, Чарли Чаплин бил себичен, суров и доминантен човек. Тој манипулирал со сите околу себе без никакво каење.
Поради неговата „љубов“ кон млади девојки, благородната титула на Чаплин беше одлагана со децении, но тој сепак ја доби во 1975 година, две години пред неговата смрт.
(Kurir.rs/24sata.hr)