Шесткратно убиство во Загреб | 3 жени, 2 мажи и дете

219

Полицијата на ЗАГРЕБ во порака сабајлево во 4.10 минути потврди дека шесткратниот убиец извршил самоубиство. Мотивот, наводно, е љубомора.

„За време на истрагата, полицијата го лоцирала во Брезовица. Во моментот на неговото апсење, тој се самоубил“, напиша полицијата.

Večernji, неслужбено дознал дека мажот ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер, а меѓу убиените е и дете. Telegram добил официјална потврда дека семејството е убиено, но не дека поранешниот сопруг е сторителот.

Да се потсетиме дека во Нови Загреб во куќа во улицата Цимерман во населбата Кајзерица, се случи шесткратно убиство синоќа непосредно пред 21:30 часот. Шест лица беа убиени. Само седуммесечно бебе преживеало, неповредено, дознава полицијата. Меѓу загинатите се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Ова се официјални информации од полицијата.