Стара канибалска поговорка вели дека љубовта оди преку стомакот, па затоа ви даваме четири совети како да го зачините вашиот љубовен живот во кујната.
Кујната е главна просторија во домот, пресекот на сите дневни дружења. Времето од утринското кафе па натаму, со партнерот можете да го претворите во љубовна оаза на својата сексуална пустина.
Направете го сексот поопасен
Ако сакате наплив на адреналин и секс, зошто да не ги поврзете? Нема ништо повозбудливо од водење љубов и покрај некоја закана. Обидете се да го ослободите гасот, да ја вклучите и да ја отворите рерната. Отворете ја вратата од фрижидерот и замрзнувачот и пуштете ја водата во мијалникот.
Мирисот на гас ќе ве зашемети, а шумот од водата ќе ве смири.
Можете да ги промените позите помеѓу рерната и фрижидерот, во зависност од тоа колку ви е жешко. Ако сте расположени авантуристички, запалете свеќа, и обидете се да бидете побрзи од гасот. Тоа, за најголемиот дел од вас најверојатно, нема да биде проблем.
Секси играчки или “за што служи ножот за лупење компири”
Со малку фантазија, сите ваши кујнски апарати и сервиси можат да станат најинтересни еротски играчки.
Цедилката или отварачи за шишиња можеби први ви паѓаат на ум, но миксерот или ножот за отворање конзерви, исто така, можат на вашиот партнер да му дозволат искуство кое долго ќе го памети.
Обидете се да го користите целиот сет, од тоа ќе биде воодушевен.
Продолжува на страна 2
Масло, масло, масло
Не постои подобра предигра од масажа. Кујната е вистински рај за двојките кои сакаат да се масираат, особено со масло. Ви препорачуваме сончогледово и маслиново масло за почетниците, а за искусните тиквино.
Во зависност од вашите преференции, можете да додадете оцет. Според советот од секс- експертот, најдобар избор е балзамов оцет, но повеќето луѓе користат јаболков. Ако сте чувствителни, можете да експериментирате со сок од лимон.
Не заборавајте добро да ги измасирате ерогените зони, за кои предлагаме посебен трик. Лук и магдонос.
Храна, мајката на сите афродизијаци
Се разбира дека листа нема никаков смисол без храна. Но овој пат, ви препорачуваме да се откажете од мејнстрим препораки. Овошјето и чоколадото се веќе испробани, но кујната е преполна со други деликатеси.
Обидете се прво со брашното. Мекото брашно е одлично за нежни љубовници, острото за оние кои претпочитаат погрубо. Поентата е во тоа што брашното ве прави толку суви што ви е потребно да се удавите еден во друг.
Конзервите туна и сардини можат да ве стават во романтична морска атмосфера. Намачкајте се со риба и пливајте заедно.