ЖИВОТ

Секогаш кога некој ќе ве навреди, постапете вака

By kukuriku

February 26, 2021

Мудрите зборови на овој старец ви го менуваат животот од корен.

Еден човек јавно навредил еден старец и му го рекол следново: „Вие сте атеист, пијаница и крадец“. Старецот само се насмевнал како одговор на тие навреди. Дедото секогаш говорел: Во секој човек има по два волка …

Еден млад човек облечен во најдобро одело ја гледал сцената и го прашал старецот: „Како можеш да толерираш такво нешто?“ Старецот повторно се насмевнал и му рекол: „Ајде да одиме кај мене, сакам да ти дадам нешто“.

Младиот човек го следел старецот до една дрвена барака. Мудриот човек ја запалил светилката и започна да буричка по плакарот, каде што најде валкано палто, па го фрли врз младиот човек и му рече: „Пробај, сигурно ќе ти одговара“.

Младиот човек го зеде палтото, го погледна и револтирано му одговори на старецот: “Што ќе ми е овој валкан капут? Јас сум добро облечен, ти сигурно си луд”, а старец на тоаодговори: “Вие не го сакате ова валкано палто, исто кога јас не сакав да ги прифатам оние валкани зборови што ми ги кажа човекон”.