ОБРАЗОВАНИЕ

Секое дете е надарено | Застарениот училишен систем ги претвора децата во губитници!

By kukuriku

January 13, 2019

Секое дете е надарено, а ние тоа треба да го препознаеме, тврди германскиот научник и невробиолог Gerald Hüther, кој предупредува дека е потребна радикална промена во разбирањето на воспитувањето и образованието, бидејќи застарениот училиштен систем им штети на децата и на целата заедница, како во Германија така и во остатокот на Европа.

Тој, всушност, во хит книгата под наслов “Секое дете е надарено”, која и кај нас неодамна е објавена во изданието на Харфа, ги презентираше научните докази за поддршка на своите тврдења. Hüther забележува дека родителите и училиштата прават сѐ за да ги поттикнат способностите на децата. Имаме одлични ученици и студенти кои, меѓутоа, во светот на бизнисот се претвораат во губитници. Причината за тоа е, вели авторот, што образовниот систем се базира само на преносот на знаења и достигнувања, па на тој пат ние губиме многу неискористени и фрустрирани таленти.

Крути барања на системот

– Кој сака да биде лекар, во нашиот училиштен систем мора да биде добар математичар, но не мора да биде и емпатичен. Моменталното разбирање на поимот дарба и “интелигенција” не е само погрешно, туку и многу опасно – вели Германецот, кој за да напише книга го инспирираше искуството од престојот во природа со децата кои општеството ги стигматизираше поради дијагнозата на АДХД и ги прогласи за “проблематични”. Но, по само еден месец терапевтска работа на зајакнување на чувството на заедништво, тимската работа и емпатија, децата покажаа забележително подобрување во однесувањето и до излегоа нивните таленти.

А со Hüther се согласува и професорот Тања Џаковиќ, инаку член на Управниот совет за евалуација на образованието. Таа вели дека и хрватскиот образовен систем е прилагоден на помал број деца.

– Еден професор кој се користи со различни форми и методи на работа, најверојатно, ќе го прошири поширокиот спектар на диспозиции во учењето на децата. Меѓутоа, адаптацијата на наставничките приоди на децата не зависи само од наставникот, туку и од крутите барања на системот. Нашиот план и програма за работа е оптоварен со содржини и остава многу малку простор за самостојна работа – објаснува професорката и посочува дека навистина сите деца во почетокот на основното училиште имаат исти карактеристики.

Продолжува на страна 2

Учење преку забава

– Тие на возраст од 7 или 8 години се креативни и иновативни, но условите за меморирање и репродуцирање многу содржини предизвикуваат помалку да мечтаат, го стеснуваат просторот на делување и развојот на децата – коментира.

Идејата за поаѓање во училиште во Хрватска, како и во некои други земји, ја поместува на порана возраст од само пет години, Томислав Куљиш од центарот Природно родителство не ја поддржува. – Тоа би било назадување. Мозокот во тој период навистина е способен за учење, но преку игра. Децата се дизајнирани да учат преку игра, тогаш стануваат покреативни, поинтелигентни, понапредни … тука се работи за погрешно разбрана информација. Раното образование има смисла, но мора да им биде забавно – објаснува Куљиш.

А бидејќи децата доаѓаат на свет со различни таленти, Hüther смета дека е многу несигурно да се ограничи поимот талент само на оние деца кои се талентирани во интелектуалната област.

– Ние цениме ако некој брзо сфаќа, може многу да запамети и е добар во аналитичкото размислување. Па, можеби за 50 години ќе ги сметаме за надарени оние деца кои имаат посебни таленти во социјалното или емоционалното поле – објаснува германскиот научник. Тој нагласува дека на невролошкиот развој на детето позитивно влијае позитивна, отворена средина, исполнета со љубов и мотивација.

Креативност

– Всушност, секој нов пронајдок во мозокот на детето предизвикува наплив на одушевување, какво ние возрасните, секако, дури и не можеме да замислиме. Тоа е најважната движечка сила за понатамошниот развој на мозокот – вели.

Ние мора, вели тој, да запреме со создавање притисок и стрес веќе во детството. А истата работа ја издвојува Куљиш.

– Секое дете е гениј. Ние, родителите, имаме идеи и проекции и би сакале да го вклопиме во својата слика за него и на тој начин да го оневозможиме процесот на развој – објаснува.

Gerald Hüther во својата нова книга, “Секое дете е надарено” истакнува дека училиштето може погрешно да направи она што сака, само не смее да направи грешка во едно нешто: на децата не треба да им ја уништи посветеноста и страста.

Продолжува на страна 3

Совети на Hüther за родителите

Овозможете им на децата да се дружат и со други возрасни лица за да стекнат колку што е можно повеќе различни искуства. Бабите и дедовците, фудбалскиот тренер, соседите, колку што е можно повеќе луѓе детето запознае, толку е поголема шансата дека меѓу нив е некој кој ќе го види и ќе го сака онаков каков што е. Исто како Пипи Долгиот Чорап – таа се вклопува во тој модел.

Пипи Долгиот Чорап е карактеристична, дива и тврдоглава, но таа е и страв на секој родител. Затоа таа има бујна фантазија, одговорна е за своите постапки и лесно се воодушевува. Таа има неверојатен потенцијал.

Совети на Hüther за училиштата

Идеалната настава би требала учениците да ги поттикне да ги охрабри и инспирира да тргнат во животот како одушевени истражувачи и креативци. Во тој случај, децата повеќе не би го користеле мозокот за учење на памет на сите работи што би им биле потребни за испитите, туку за она што навистина ќе им треба во животот: за решавање проблеми, совладување предизвици, стекнување способности и вештини, развивање идеи и откривање на нивните сопствени можности.

За таа цел, наставниците во училиштата, вклучувајќи ги и градинките, би требало да се разбираат само како придружба во процесот на учење, луѓето кои охрабруваат да се развие нивниот потенцијал.