Се води истрага за Ден Дончев

136

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одговарајќи на новинарски прашања, соопшти дека се води истрага за доскорешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев пренесува 360 степени.

„Да, се води истрага, а дали е во Македонија стварно не знам“,изјави Русковска денеска пред Кривичниот суд.

Русковска не кажа детали за каква истрага станува збор, но неделникот „Фокус“ објави дека по барање на Обвинителството за организирал криминал, Управата за финансиско разузнавање утврдила дека Дончев добил над 3 милиони денари по основ на плати, од компанијата со основна дејност за интернет-порталит „Ремаркет“, која се финансирала исклучиво од австралиската фирма „Мегантик“.