Се плашите да се вљубите? Луѓето денес не знаат како лудо да сакаат

1109

Ние влегуваме во однос откако ќе се појави и најмала привлечност и излегуваме од него откако ќе најдеме некој подобар. Ние не сакаме да го извлечеме она најдоброто од тоа едно лице. Сакаме да биде совршено. Стапуваме во врска со многу лица, но ретко на кој од нив му пружаме вистинска прилика. Ние сме разочарани од сите.

Технологијата не доведе толку блиску што речиси невозможно е да дишиме. Нашата физичка присутност е заменета со текстови, со гласовни пораки и видео повици. Ние не чувстуваме потреба да поминеме некое време заедно. И ова што го имаме ни е премногу. Немаме повеќе за што да разговараме.

Ние сме генерација на „скитници‟ која нема да остане предолго на едно место. Секоја лојална врска создава фобија. Веруваме дека длабоките односи не ни се судени. Ние не сакаме да се смириме. Дури и помислата на тоа е застрашувачка. Не можеме да замислиме дека цел живот ќе го поминеме со едно лице. Си одиме.

Ние ја презираме трајноста како тоа да е некое општествено зло. Ние сакаме да веруваме дека сме „поинакви‟ од другите. Ние сакавме да веруваме дека не сме во согласност со општествените норми. Ние сме генерација која себеси се нарекува „сексуално ослободена генерација‟. Сексот доаѓа лесно, лојалноста не. А на нас ни треба само привремено исполнување.

Односите повеќе не се толку едноставни. Постојат отворени врски, пријатели со повластици, врски за една ноќ, оставивме многу малку простор за љубовта во нашите животи. Ние сме практична генерација која создава своја логика. Ние не знаеме како лудо да сакаме. Не би одлетале во далечна земја само да видиме некој што го сакаме.

Ги прекинуваме односите поради преголема далечина. Премногу сме разумни за љубов. Премногу разумни за сопственото добро. Ние сме исплашена генерација, генерација која се плаши да се заљуби, обврза, генерација која се плаши дека ќе настрада и дека нашите срца ќе бидат скршени. Не си дозволуваме да сакаме безусловно.

Се криеме зад ѕидови кои самите сме ги создале, во потрага по љубов и бегаме во моментот кога ќе ја најдеме. Одеднаш тоа „ не можеме да го поднесеме‟. Ние не сакаме да бидеме ранливи. Ние не сакаме да ја соголиме нашата душа на никого. Премногу сме внимателни. Ние дури не ги ни цениме односите. Ние отфрлуваме прекрасни луѓе поради „останати риби во морето‟.

Не постои ништо што не би можеле да го освоиме на овој свет, а повторно, победени сме во играта наречена љубов, еден од најосновните човечки нагони. Велат, тоа е еволуција.