Меѓу паразитите пронашле вид на црв со кој момчето било заразено пред ранувањето. Таквите црви се развиваат кога некој живее во нехигиенски услови, и ако не се лекува, тоа може да доведе до воспаление на стомакот.
Севернокорејскиот војник, кој во понеделникот избегал во Јужна Кореја и поминал низ “дожд” од куршуми, во критична состојба е, и лежи во болница. Лекарите во неговото тело пронашле паразити од кои еден никогаш порано не бил виден.
Момчето на возраст од 20 години паразитите веќе ги имал во стомакот, но тие навлегле и ги нападнале повредените подрачја. Лекарите велат дека закрепнувањето заради паразитите ќе биде многу комплицирано.
– Се бориме за неговиот живот. Во желудникот, најдовме паразити кои никогаш порано не биле видени кај Корејците. Тоа многу ја влошува целата ситуација – рече докторот Lee Guk-jong.
Меѓу паразитите пронашле вид на црв со кој момчето се заразило пред ранувањето. Таквите црви се развиваат кога некој живее во нехигиенски услови, и ако не се лекува, тоа може да доведе до воспаление на стомакот.
Се забележува дека луѓето кои живеат во Северна Кореја често се заразени со паразити, а најдолгиот кој досега бил пронајден е со должина 27 центиметри, пишува Mirror.
Продолжува на страна 2
Северна Кореја молчи
Врз воениот дезертер армијата на Северна Кореја истурила 40-тина куршуми, од кои седум го погодиле. Хирурзите извадиле пет куршуми од телото, а два куршуми оставиле. Северна Кореја не проговорила ниту еден збор за својот војник. Нивната армија не даде никакви индикации дека во вторникот имало невообичаени движења, соопштила јужнокорејската армија.
Јужнокорејските и американските војници, плашејќи се од огнот на Севернокорејците, подоцна ползеле кон него за да го спасат, напишала командата на ОН во одделна изјава.
Јужнокорејскиот министер за одбрана, Song Young -moo рече дека за прв пат севернокорејските војници отвориле оган кон јужнокорејската страна JSA, а некои застапници предупредиле дека армијата на Јужна Кореја требала да го возврати ударот.
Suh рече дека Јужнокорејците во понеделникот преку разглас ги информирале Севернокорејците за војникот и болничките интервенции.