Сателитски снимки ги покажуваат размерите на катастрофата во Бејрут | Видео

231

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Сателитските фотографии беа објавени од израелска и француска компанија.

Првата фотографија е од 4 ноември 2019 година, во која се прикажани голем број магацини, хангари и други објекти во близина на водата. Втората фотографија е направена денес и ги прикажува само контурите на зградите во пристаништето.

Фотографиите ги направи рускиот сателит „Канопсус-V“.

Фотографиите од вселената беа објавени и од компанијата „Ербас Спејс“, како и израелската компанија „Имиџ Сат Интернационал“.

„Ербас“ објави фотографии од францускиот сателит „Плејадес“. Тие покажуваат дека сите складишта во пристаништето биле уништени, а останале само урнатини на станбени згради.

На своите објавени фотографии, израелската компанија ги обележа димензиите на кратерот што остана по експлозијата, како и подрачјето зафатено од ударниот бран.

Исто така, прикажана е и фотографија од крузерот „Ориент квин“ што се преврте од силата на ударот.