ЖИВОТ

Самохран татко од Нови Сад | Барабар раснев со мојата ќерка – таа за прв пат, а јас понављач

By kukuriku

May 03, 2019

“Останавме сами уште од 1999 година, среде бомбардирање. Мајката се заљубила во друг, и така тоа започна.” Животната приказна на храбар и прекрасен татко Горан го допре нашето срце …

Целото бомбардирање го поминавме сами, како што е јасно, љубовта бара комплетна личност, па мајката беше зафатена и на друго место. Се сеќавам како ќерка ми ја криев во ходникот, ѝ направив кревет од две споени фотелји, подалеку од прозорецот, а цела ноќ дежурав со видео игрици, како би можел на време да ги слушнам авионите.

Тоа беше вознемирувачко време, ќерка ми имаше само пет години и не сфаќаше зошто сме оставени сами и каде е мама. Сепак, ситуацијата ја ублажија соседите. Како што не работев за време на бомбардирањето (тогаш имав рекламна агенција) времето го поминувавме заедно цел ден. Паметам дека беше најсреќна кога се собравме сите кај соседите, и додека ние “бистревме” политика со пиво и закуски, чопор деца се играа во соседната соба. Последиците од сето ова, се разбира, беа бошките, а последиците од вошките беше кратката “машка” фризура на мојата ќерка. Цел ден плачевме по нејзиното стрижење, но немаше друг излез. Вошките беа поупорни.

Сепак, во тоа време, сè уште бев само татко.

Продолжува на страна 2  

Бидејќи разводот дојде по бомбардирањето, по серија обиди со мајка и да се нормализираат односите, стана јасно дека ќе морам да се подготвам за нова улога. Се сеќавам кога решив сам да зготвам нешто за јадење и со тоа ја започнав мојата втора улога.

Првиот ручекот се памети, бидејќи цел ден се смеевме на моето загорено месо за гулаш, само затоа што немав поим како правилно се динста. Меѓутоа, инаетот е еден од моите “полоши” карактеристики, па проработе. Во следните неколку години, научив да готвам повеќе од 10 јадења. Некои од моите пријатели се колнат дека не јаделе повкусноа. Патем научив да пеглам на раб, да шијам како сингерица, да правам кекс торта и да возам ролери. И така, растевме ќерка ми и јас … Таа за “првпат”, а јас како “понављач”.

Бевме другари и доаѓаше на секаде со мене. Често има правеше друштво на секретарките на компаниите кај кои одев на состаноци. Запозна многу музичари од нашата поп и рок сцена, на кои им ги организирав концертите.

Дома честопати на гости ни доаѓаа другарите од одделението. Тогаш се чувствував како оној татко од рекламите за, веројатно, аспирин.

Се разбира, имаше стравови. На пример, кога тргна во прво одделение.

Со денови ја подготвував и учев правилно да ја преминува улицата, да не трча преку пешачкиот премин, дури и ако е упалено зеленото светло … А потоа со денови одев зад неа секој ден на училиште, за да бидам сигурен дека сè научила и дека безбедно ја преминува улицата. Или, кога во училиштето се прошири некоја епидемија на воспаление на слепото црево па многу од децата завршија на клиника. Лекарите по кратка постапка им ги оперираа слепите црева. Нас не спаси познанството со постар лекар кој одреди поинаква дијагноза и буквално ги спречи лекарите да и го оперираат слепото црево.

Мојата ќерка секогаш се обидуваше да ме израдува.

Продолжува на страна 3

Знаеше од џепарлакот да заштеди пари и да ми купи роденденски подарок … главно тоа беа пенкала и тефтери (за да бидам успешен на работа), привезоци за клучеви и слично. Денеска сите ги чувам во една кутија што ја нарекувам “за паметење”.

Во 12-тата година, почнаа прашањата за момчиња. Се сеќавам еднаш кога се враќавме од училиште, ме праша: “Тато, дали ќе ми се налутуш ако ти речам дека ми се допаѓа едно момче?” Ахахахаха и денес се смеам кога ќе ми текне колку беше внимателна кога ми го постави ова прашање. Одговорив “дека ќе ме изненадеше ако каже дека и се допаѓа некоја друга, а тоа што и се допаѓа момче, е сосема во ред”.

И така, се и сешто поминувавме заедно. Таа се запиша во “познатата” Карловачка гимназија, па затоа од таа причина се преселивме во Нови Сад. Денес таа е 23-годишна девојка, независна, храбра и одлучна. Студира јазици, се подготвува да ја напушти Србија, што најтешко ми паѓа во целиот наш однос, но … што може тука да се направи. Ах, да … со мајката се нема видено речиси 16 години, бидејќи мама кратко време по разводот со нејзиното ново момче ја напушти Србија. Неодамна се вратила … сама. Колку што знам, воспоставоле контакт и се сретнале. Не знам како тоа се развива, но и не се грижам премногу. И двете се возрасни. Јас не се оженив. Искрено, на почетокот бев многу лут на женскиот род, а подоцна не ни имав доволно време адекватно да се посветам некому. Бомбардирањето, 5 октомври, разноразните кризи од 2000 година па наваму. Морав да работам повеќе и повеќе за да го одражим нивото на квалитетот во нашите животи. Сепак, не ми е жал … Важно е дека успеав ќерката да ја изведам на пат од дете до возрасна личност.

Ете, тоа е кратката верзија на мојот живот со мојата ќерка. Се надевам дека никого не налутив со мојата приказна. Јас би сакал да додадам дека знам уште неколку мажи кои исто така сами ги одгледуваат своите деца. Некои од нив имаат повеќе од едно дете. Да не поверувате …

На сите ваши читатели им посакувам пријатни моменти со ова “лесно читање”.

Горан М. Јовановиќ, Нови Сад