Потребно
● ендивија ● 8-10 млади компири ● мала шолја ореви ● 5-6 ротквици ● маслиново масло ● сол и бибер ● 2 лажици милерам ● оцет балсамико ● 100 гр дробено сирење
Подготовка
- исечете ги на половинки или четвртинки компирите и варете ги во солена вода додека не омекнат.
- во меѓувреме, исечкајте ги ротквиците на тркалца, а ендивијата исечете ја на помали парчиња. Кога ќе се сварат компирите, ставете ги во сад за сервирање. Зачинете со сол и бибер и додадете милерам. Сите состојки промешајте ги внимателно.
- додадете ендвија, ротквици и сечкани ореви. Измешајте и сервирајте. На крај додадете дробено сирење, маслиново масло и оцет балсамико.