РЕЦЕПТИ

Салата од црвен грав и киноа

By kukuriku

July 28, 2021

Црвен грав и киноа се одлична комбинација за салата, а се подготвува многу лесно.

Салатата од црвен грав и киноа се подготвува како предјадење или како прилог на главното јадење. Комбинацијата на овие две намирници дава уникатно освежително предјадење во овој летен период.

За оваа салата потрбни ви се следниве состојки:

Подготовка

Ставете ја киноата во зовриена вода и варете ја околу 15 минути на тивок оган. Потоа тргнете ја од оганот и оставете да одстои уште пет минути.

Ставете ја киноата на дното на тавата да се излади. Истурете малку маслиново масло, половина сок од лимета, соја сос, вински оцет и сос од лута пиперка во друг сад. Зачинете со сол и црн бибер. Направете прелив.

Во преливот додадете го гравот и исечените пиперки и црвениот и младиот кромид, оладената киноа и измешајте сè.

Салата од црвен грав и киноа е готова и подготвена за сервирање.