Состојки
- 1 сецкана свежа краставица
- 100гр просо
- 1/2 лажиче куркума
- 1 лажиче ленено семе
- 100гр крем сир
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажица јогурт
- хималајска сол и бибер по вкус
- околу 300мл вода за варење на просото
Подготовка
- Прво просото го ставаме во топла вода, во која сме додале малку сол да се вари.
- Вариме од прилика околу 12-15 минути.
- Проверуваме дали е сварено, ако не е по потреба ставаме уште малку вода.
- Потоа го истураме во цедалка, го миеме и оставаме убаво да се просуши.
- Сега во еден сад ги соединуваме ситно сецканата краставица, ленот, куркумата, хималајската сол, ( внимавајте, бидејќи има малку сол и во просото), биберот, крем сирењето, јогуртот, павлаката.
- Го додаваме исцеденото просо и убаво ја соединуваме цела смеса.
- Сервираме и ја чуваме во фрижидер околу 20 минути пред да ја послужиме.