Објавено January 15, 2017. Прочитано 22813
Долговечни луѓе на возраст од 95 до 106 години, во Хрватска во 2011 година имало 2.201, од кои 1.719 биле жени. Стареењето е еден од најсложените биолошки процеси, а клучот е во теломерите, “заштитните капи” кои се наоѓаат на краевите од хромозомите.
Како и милиони луѓе низ целиот свет, и г-ѓа Вера Велебит ги следела извештаите на медиумите за 90-тиот роденден на кралицата Елизабета II, најдолговечната британска владетелка која е на престолот речиси 65 години. Вера Велебит (96) сѐ уште се сеќава на крунисувањето на кралицата во 1953 година кое го следела во живо во Лондон.
– Тоа беше фантастична средновековна претстава и среќна сум што и тоа го доживеав. Потоа целиот месец имаше приеми и церемонии – се сеќава Вера Велебит, ќерката на познатиот сликар Владимир Бечиќ и вдовицата на Титовиот дипломат Владимир Велебит.
– Мојот сопруг беше југословенски амбасадор во Лондон од 1952-1956 година, па имав можност четири пати да ја видам кралицата Елизабета II. Првиот пат кога маж ми ги предаваше акредитивните писма, тогаш сѐ уште не беше крунисана. Јас бев многу збунета, но и Елизабета, тогаш многу млада. Ја видов и тогаш кога Тито беше во Лондон. Потоа ја видов, кога бевме на вечера со етиопскиот цар Хајле Селасие, а подоцна и на вечерата со иранскиот шах Реза Пахлави и неговата тогашна сопруга Сораја – раскажува додека седиме во нејзиниот стан во центарот на Загреб.
Седум години
Британската суверенка е одличен пример за здрав долг живот: и на возраст од 90 години, Елизабета II не се откажува од фустани со живописни бои, јавање коњи и разговори со светските лидери, како што е Барак Обама, со кого го сретнала на роденденот.
Додека го слушам интересното раскажување на мојот соговорник забележувам дека и таа, како и британската владетелка, фасцинантен пример за здрава долговечност: убава, елегантна, паметна, весела и инспиративна.
– Сегашните деведесетгодишници живеат како осумдесетгодишници пред дваесет години. Денес луѓето, особено женската популација, живеат значително подолго од просекот од пред 20 години. Тоа не е само продолжување на животот (животен век), туку, исто така, и вистинско продолжување на здравјето, т.н. животниот век – објаснува д-р Ивица Рубељ од (IRB), молекуларен биолог кој се занимава со истражувања за стареењето.
– Со најдолго живеење од светската популација се Јапонките кои живеат во просек 86 години. Во Хрватска, жените во просек живеат околу 79-80 години, а мажите, во просек, 72 – 73 години – додаде Рубељ.
Човечкиот животен век постојано се пролонгира: во последните 150 годинипродолжен е за 40 години. Во текот на изминатите три децении очекуваната животна возраст на Запад се зголемила за повеќе од седум години. И тој тренд продолжува: истражувањето, кое во 2009. година го објави медицинското списание Лансет, укажува на тоа дека повеќе од половина од бебињата родени по 2000. година во развиениот свет ќе ја доживее 100-та година. Луѓето во длабока старост, значи постари од 85 години, се растечка популација на Западот, како и во Хрватска.
– Според проценките од страна на Државниот завод за статистика и Наставниот институт за јавно здравје “Д-р Андрија Штампар”, 2014 година во Хрватска било 789.124, или 18,6 отсто од населението на возраст од 65 години. Од тој број,71.744 лица биле постари од 85 години. Како и во светот, и кај нас жените се долговечни, 2014 година 52.066 од нив биле постари од 85 години – рече прим. д-р. Споменка Томек Роксандиќ, шеф на Референтниот центар на Министерството за здравство на Република Хрватска за заштита на здравјето на постари луѓе.
Интелектуална работа
Продолжува на страна 2
Иако живеат пократко од жените (научниците сѐ уште не знаат добро да ги образложат причините за тоа), а животниот век на мажите во развиениот свет и кај нас значително се продолжува.
– Без активна работа нема долг живот. Јас секогаш влам: младите луѓе треба да работат најмалку 10 часа на ден, а стари лица четири часа или колку веќе можат. Важно е да се активни – вели д-р Иван Јанко Водопија: пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Загреб, кој наскоро ќе го прослави 91. роденден. Како експерт на Светската здравствена организација (WHO), проф. Водопија спасил илјадници животи запирајќи заразни болести во Тајланд и Либерија, а во 1986 година развил скратената метода на вакцинација против беснило, која најде место во учебниците по медицина.
– Јас сѐ уште се занимавам со интелектуална работа. Член сум на Друштвото на хрватскиот змеј, каде што понекогаш одржувам предавања, како и на Медицинската академија, каде што сум член на Сенатот – раскажува проф. Водопија. Тој признава дека никогаш немал некое посебно хоби, но во младоста бил љубител на пешачењето. Таа навика ја задржал и во подоцнежните години од животот.
Одам во продавница секој ден, еднаш или два пати ако е потребно. Исто така, одам и на пазар. Не е важно колку артикли купувам пет или осум, никогаш не носам белешка. Сѐ знам на памет. Затоа што запомнив од детството: кој нема во главата, има во нозете – на шега вели проф. Водопија. Друштво ни прави неговата сопруга Жељка, исто така, лекар, со која е во брак од 1950 година.
– Мојата сопруга готви секој ден она што ќе го донесам од продавница или од пазар. Секогаш купувам локална храна од познати производители. Важно е да се јаде здрава храна со помалку хемикалии. Никогаш не сум пушел, но со задоволство ќе испијам една чаша црвено вино за ручек – ги објаснува проф. Водопија своите рецепти за долговечност.
Сепак, научните наоди укажуваат на тоа дека долговечноста во голема мерка е условена од нашите гени.
– Добрите гени прават 70 проценти допринес за долговечност, а позитивниот начин на живот, вклучувајќи ја и здравата исхрана, физичката и менталната активност како и социјалната интеракција, допридонесуваат околу 30 отсто. Дека генетиката е доминантна, посочува и една студија спроведена пред триесет години во САД на стогодишници, значи на луѓе на возраст помеѓу 95 и 105 години – изјави Ивица Рубељ.
– Анализата на нивните биографии покажала дека сите тие живееле во стресни услови. Некои избегале од Европа по Втората светска војна или дошле во Америказа време на економската криза, т.н. Големата депресија, работеле во автомобилската индустрија, учествувале во Втората светска војна, а некои биле и во Виетнамската војна. Тие јаделе она што им било на располагање во тие воени услови, а по војната, хамбургери и кока-кола полна со шеќер. На крајот, доживееле 100 години. Нивните добри гени го надминале лошиот начин на живот и стрес на кои биле изложени голем дел од својот живот – додаде Рубељ.
Благодарение на геномските технологии научниците во последните неколку години откриле педесетина генетски варијанти кои почесто се јавуваат кај долговечните луѓе отколку кај остатокот од популацијата. Видови на гени
– Со една анализа на повеќе од 1.000 луѓе на возраст над 90 години и во споредба со здравата општа популација се покажало дека стогодишниците имаат група од шест до седум специфични видови на гени кои позитивно влијаат на нивниот метаболизам. Тоа значи дека без оглед на она што тие луѓе јадат истото како и нивната околина, нивниот метаболизам е таков што многу подобро се справуваат со таквата храна – објаснува д-р Рубељ.
Оази на стогодишници
Продолжува на страна 3
Досега, најдолговечниот човек во светот беше Французинката Жан Калме која починала 1997 година откако наполнила 122 години и 164 дена. Таа немала несакани пороци, бидејќи престанала да пуши дури на 85 години, кога почнала да се занимава со мечување. До смртта пиела порто, а тврдела дека за нејзината долговечност е заслужно маслиновото масло со кое ја зачинувала храната, но и го нанесувала на кожата. Најстарата Хрватица била Јела Љубичиќ, која доживеала 115 години. Јела била селанка од Аржан во Далматинска Загора, која до длабоката старост била многу активна и одгледувала градина и овци.
Некои места на Земјата се вистинска оаза на стогодишници, т.н. сини зони. Во својата книга “Сина зона” Дан Бутнер, познат истражувач и новинар идентификувал пет такви региони во светот. Тоа се провинцијата Нуоро во Сардинија, јапонскиот остров Окинава (каде што на 100.000 жители доаѓаат 58 стогодишници, од кои многумина имаат активен сексуален живот), Nicoya во Коста Рика, на грчкиот остров Ikaria и адвентистичката заедница Лома Линда во Калифорнија, чии членови водат активен живот, но не пијат и не пушат. Како наша сина зона, би можеле да нагласиме две мали и ретко населени острови Ilovik и Lopud.
Очекуваната просечна должина на животот на децата родени околу 2000 година за Ilovik е 95 години, а за децта од Lopud 90 години и пет месеци. Сепак, најголем број на стогодишници подоброкажано стогодишнички, е евидентирано во Загреб.
– Со анализата на податоците од пописот на населението во 2001 година и 2011 година, се согледува дека бројот на стогодишниците кај нас се зголемил за околу 51,21 отсто. Во Хрватска, бројот на стогодишници, долговечни луѓе на возраст од 95 до 106 години, во 2011 година имало 2.201, од кои 1.719 биле жени. Меѓу овие 1719 жени, 366 од нив, или 21 отсто, живееле во Загреб – нагласи прим др. Томек Роксандиќ.
Стареењето е едно од најпознатите сложени биолошки процеси, а неговиот клуч на ниво на клетка се теломерите, “заштитните капи” на краевите на хромозомите за кое откритие во 2009 година му беше доделена Нобеловата награда за медицина Елизабет Блекбурн на Керол Грејдер и Џек Сзостак. Едноставно кажано, стареењето на нашите клетки е програмирано бидејќи по одреден број на поделби престануваат да се делат. Одговорни за тоа се токму теломерите, делови од ДНК на краевите на хромозомите штитејќи ги исто како што тоа го прави пластичната обвивка на крајот на нашите врвки за чевли. Во секоја поделба, теломерите се скратуваат, а клетката и старее. После одреден број на поделби, теломерите се толку осакатени што клетките веќе не можат да се делат. Да се забави стареењето, потребно е да се забави скратување на теломерите и така да им се овозможи на клетките подолго да се делат и да ја задржат функцијата.
– Опсесијата за продолжување на животниот постои од кога човекот стана свесен дека има ограничен животен век. Ние денес знаеме дека ограничувањето за тоа е во нашите молекуларни механизми кои го контролираат стареењето и животниот век. Извесно е дека луѓето денес размислуваат како да се влијае на овие механизми во позитивна смисла. Еден ден со генетска манипулација ќе можеме да го продолжиме животниот век на човекот – објаснува д-р Рубељ. Тој посочи дека со анализата на теломерите веќе сега може да се предвиди дали некое лицето има предиспозиции за долг или краток живот, а потоа со стилот на живот да го забават скратувањето на теломерите.
– Спроведени се две студии на популацијата на мажи на возраст од 45-75 години. Кога имплементирале здрава храна и се занимавале со умерена физичка активност, за само три месеци ги промениле метаболичките параметри и ја зголемиле активноста на ензимот теломераза за речиси 30 проценти. Тоа бил показател дека може да го забават своето стареење. Пет години подоцна, оние кои останале во програмата во однос на остатокот од населението полека ги губеле своите теломери. Соодветно на тоа, со начинот на живот можеме да влијаеме на нашите молекуларни механизми кои го контролираат стареењето, како и на сите болести кои се поврзани со проблемите на стареењето – објасни Рубељ.
Тој посочи дека со добри гени за долговечност се важни и психолошките предиспозиции.
Што со траумите?
Продолжува на страна 4
– Некои луѓе се оптимисти и покрај трауматичното искуство. Тие се среќни затоа што ја поминале. За други, трауматичното искуство останува како товар. Тоа сѐ во една комбинација со стилот на живот се претвора во здрав долг живот или краток живот – рече Рубељ. Тој посочи дека неколку студии на Запад укажале дека постои силна корелација помеѓу долговечноста на една личност и нејзините приходи, образование, како и развиени социјални контакти. Тоа најдобро го потврдуваат и моите соговорници Вера Велебит и Иван Јанко Водопија.
– Јас секогаш сум била со ведра природа, а имав и еден одреден исполнет, убав и удобен живот со прекрасен човек со кого бев многу среќна. Веројатно тоа придонесло толку долго да живеам. Не пушам и не пијам, освен ретко чаша вино. Имав добра здравствена состојба и сѐ уште имам, бидејќи не земам никакви лекови – призна Вера Велебит која веќе 12 години (од смртта на нејзиниот сопруг) живее сама. Нејзините синови живеат со своите семејства во Женева, но во секојдневен контакт е со нив.
Богатите луѓе
– Моите синови ми се јавуваат секој ден, а често доаѓаат во Хрватска. Имам четири внуци и пет правнуци. Тоа ме тера да се чувствувам млада, како и дружењето со помладите луѓе. Бидејќи минатата година паднав и ја скршив ногата, не се осмелувам да одам навечер надвор. Но, дење со задоволство одам на ручек со пријателите или да примам посети од пријатели. Мојата последна пријателка од училиште почина пред една и пол година, но имам многу помлади пријателки – рече Вера Велебит која чита весници и книги (најчесто биографии и патеписи), редовно ги следи вестите и ужива во телевизискиот пренос на концерти.
– Ја сакам музиката, а порано редовно одев на концерти и во театарот, но особено го сакав балетот – рече Вера Велебит.
Иван Јанко Водопија и неговата сопруга ја потенцираат важноста на семејниот живот за нивната долговечност.
– Мојата жена и јас сме богати луѓе: имаме шест деца и 11 внуци. Нашите деца имаат свои станови и за среќа немаат кредити – вели проф. Водопија.
– Нашите деца се големи и сега живееме од доживувањата на нашите внуци, го следиме нивното образование и испитите, кои ги полагаат. И тоа навистина нѐ подмладува – заклучила Жељка Водопија.
jutarnji.hr