САД ОД 1991 ГОДИНА ЗАПОЧНАЛЕ 251 ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО СВЕТОТ ! Видео

515

Што да се каже, кога бројките ќе прозборат, вистината излегува на виделина!

Според официјалните податоци на Конгресната служба за истражување, американската војска започнала 469 интервенции од 1798 година, вклучително и 251 од крајот на првата Студена војна во 1991 година.

Соединетите Американски Држави започнале најмалку 251 воена интервенција помеѓу 1991 и 2022 година. Тоа е според извештајот на Конгресната служба за истражување, американска владина агенција која собира информации во име на Конгресот. Во извештајот се наведува и дека имало уште 218 американски воени интервенции меѓу 1798 и 1990 година. Тоа значи вкупно 469 американски воени интервенции од 1798 година, кои биле признати од Конгресот.

Станува збор за документ на Конгресната служба за истражување (CRS) со наслов „Случаи на употреба на вооружените сили на САД во странство, 1798-2022 година“.

Списокот на земји кои биле жртви на интервенцијата на САД е огромен, вклучувајќи ја речиси секоја земја во Латинска Америка и Карибите и голем дел од африканскиот континент.

Од почетокот на 1991 година до почетокот на 2004 година, американската војска започнала 100 интервенции, според CRS. Тој број пораснал на 200 воени интервенции помеѓу 1991 и 2018 година.

Извештајот покажува дека од крајот на првата Студена војна во 1991 година, во времето на американската униполарна хегемонија, бројот на воени интервенции на Вашингтон во странство е зголемен. Од вкупно 469 документирани странски воени интервенции, Конгресната служба за истражување забележала дека американската влада формално објавила војна само 11 пати.

Податоците ги исклучуваат Американската револуционерна војна и Британската империја, какво било воено распоредување помеѓу 1776 и 1798 година и Граѓанската војна во САД. Важно е да се нагласи дека сите овие бројки се конзервативни проценки, бидејќи не ги вклучуваат специјалните операции на САД, тајните акции …

– Списокот не вклучува тајни акции или бројни настани во кои американските сили се стационирани во странство од Втората светска војна во окупаторските сили или за учество во заеднички безбедносни организации, договори за основање или рутинска воена помош или операции за обука.

Извештајот исто така го исклучува распоредувањето на американските воени сили против домородните народи, кога тие биле систематски исчистени во насилниот процес на доселеничко-колонијална експанзија кон запад. CRS призна дека ја испуштил „постојаната употреба на американските воени единици во истражувањето, населувањето и смирувањето на западниот дел на Соединетите држави“.

Проектот за воена интервенција во Центарот за стратешки студии на Универзитетот Тафтс документира уште повеќе странско мешање.

– САД презеле повеќе од 500 меѓународни воени интервенции од 1776 година, од кои речиси 60 отсто се однесуваат на периодот меѓу 1950 и 2017 година – се вели во проектот.

– Згора на тоа, повеќе од една третина од овие мисии се случиле по 1999 година.

Military Intervention Project додава:

– Со крајот на Студената војна би очекувале САД да ги намалат воените интервенции во странство, бидејќи се претпоставувало дека ќе има помалку закани. Но, тие обрасци го откриваат спротивното; САД драстично го зголемиле бројот на воени ангажмани во странство.

И покрај ова, Вашингтон упорно морализира за руската инвазија на Украина!