Западните земји го прекршиле ветувањето дека ќе испратат војници на НАТО во Украина во случај на вооружен конфликт во земјата, изјави италијанскиот социолог Алесандро Орсини на ТВ каналот La7, пренесува РИА Новости.
Според него, воениот персонал од Соединетите Американски Држави, Италија и Франција извршиле вежби на територијата на Украина за да го убедат претседателот Владимир Зеленски дека Северноатлантската алијанса „ќе испрати војници или ќе помогне да се воспостави зона за забранети летови“ во случај на криза“, но тоа не се случило.
Експертот оваа одлука ја нарече „нога во грб“.
– Знам дека НАТО, САД, Западот се група на сериски предавници, па секогаш се плашев дека порано или подоцна ќе ја напуштиме Украина. Всушност, ние веќе го направивме тоа – изјави Орсини.
Социологот смета дека една од причините за ескалацијата е агресивниот одговор на премиерот Борис Џонсон на критиките на претседателот Владимир Путин за вежбите на НАТО во Украина.
– Сето ова западњачко разфрлање, особено од Џонсон, доведе до оваа катастрофа, меѓу другото – сугерира експертот.
Орсини, исто така, изрази загриженост дека Украина ќе биде „напуштена по втор пат“.