Сѐ уште не ги консумирате? Ова се придобивките од пробиотиците за кои треба да знаете

1228

Надуеност, стомачни заболувања, пролив воспаленија, проблеми со кожата и алергиите се само некои од можните симптоми на нарушената цревна бактериска микрофлора.

Затоа настапуваат пробиотиците!

Пробиотиците се добри бактерии кои живеат во нашиот дигестивен тракт и одлични се за здравјето. Ако се појави ниско ниво на добри бактерии, лошите форми на бактерии и габите во дигестивниот тракт можат да се размножуваат без контрола.

Постојат и пробиотици кои се храна за добрите бактерии. Ќе ги најдете во лукот, аспарагусот, бананите, празот … Избалансиран внес на пробиотици и пребиотици овозможува избалансирано ниво на добри бактерии во дигестивниот систем кои имаат позитивно влијание врз здравјето на целиот организам.

Природните пробиотици ќе најдето во јогуртот, кефирот, сирењето, киселата зелка, а можете да посегнете и по додатоците во исхраната.

Добрите бактерии помагаат во постигнување на рамнотежа во нашите црева и имаат поволен ефект кај дијареата, запекот, алергиите, инфекциите на уринарниот тракт, но и кај габични инфекции кои не поднесуваат лактоза. Истражувањата докажале позитивен ефект на пробиотиците на менталното здравје.

За рамнотежа на цревната флора

Главната придобивка на пробиотиците е што ја одржуваат рамнотежата на добрите бактерии, да не дојде до доминација на лошите бактерии и габи. Нивото на добрата флора може да се намали поради антибиотици, стрес, операции, зрачења, хемотерапии.

Помагаат при ублажување на дијареата

Ако ова ви се случи, најдобро што можете да направите е да земате пробиотици. Се покажало дека ја намалуваат сериозноста и времетраењето на заразната дијареа.

Спречуваат дијареа поврзана со антибиотици

По третман со антибиотици, најчеста реакција е дијареа. Истражувањата покажуваат дека земањето на пробиотици веднаш потоа може да ја намаат дијареата.

Ги ублажуваат симптомите на улцеративен колитис

Бидејќи има придобивки на пробиотици првенствено во дигестивното здравје, многу се зборува за тоа како тие можат да влијаат на различни видови на воспалителна болест на цревата. Досега се гледа позитивен ефект врз симптомите на улцеративниот колитис (крвава дијареа, абдоминална болка, благи грчеви во долниот дел на стомакот, губење на тежината, замор, гадење …).

Произведуваат витамини

Бактериите во нашите црева играат улога во создавањето на одредени витамини како што се витаминот К и некои од групата витамини Б.

Го намалуваат холестерол во крвта

Се чини дека пробиотиците имаат корисен ефект врз холестеролот во крвта, особено намалувајќи го вкупниот холестерол и LDL (лошиот) холестерол.

Спречуваат развојот на алергии

Пробиотиците, велат експертите, можат да помогнат да се спречи развојот на алергии кај децата, особено ако мајката зема пробиотици за време на бременоста.