Она што традиционално го нарекуваме постпородилна депресија всушност започнува во третото тримесечије.
Поголема е веројатноста денешните бремени жени да страдаат од депресија отколку нивните мајки, покажало новото британско истражување. Стресот на модерниот свет, можеби е двигател за ова зголемување, вели водителот на истражувањето Rebecca Pearson, експерт за психијатриска епидемиологија на Универзитетот во Бристол во Велика Британија.
“Нашите податоци покажуваат дека симптомите кои се поврзани со зголемувањето на бројот на депресии се однесуваат на стресот и чувството на заситеност и анксиозност отколку на чувството на недостаток на мотивација или незаинтересираност“, вели Пирсон. “Таа ги поддржува теориите дека е можно дека се работи за последицата од забрзаниот современ свет”.
Додека постпарталната депресија е добро познат проблем, последната деценија сѐ повеќе внимание се посветува на симптомите кои се јавуваат пред да се роди бебето, вели д-р Priya Gopalan, психијатар од болница за гинекологија Magee на Универзитетот во Питсбург.
“Она што традиционално го нарекувавме постпородилна депресија, всушност, започнува во третиот квартал”, вели Gopalan која не учествувала во истражувањето. “Таа промена помогнала да се отстранат митовите дека бременоста е најсреќното време за сите мајки”.
Според истражувањето чии резултати се објавени во списанието JAMA Network Open истражувачкиот тим споредил 2.390 жени кои родиле во почетокот на 1990-тите години со 180 жени од следната генерација, кои биле или ќерки или снаи на мајките од првата група. Просечната возраст на жените во двете групи била помеѓу 22 и 23 години.
Продолжува на страна 2
Меѓу постарата генерација, 17 проценти имале симптоми на депресија за време на бременоста, додека 25 проценти од помладите бремени жени од помладата генерација страдале од депресија.
Ќерките на жените кои страдале од трудничка депресија имале особено висок ризик од развој на пренатална депресија. Истражувањето покажало дека тие имале три пати поголеми шанси да развијат симптоми на депресија во однос на бремените жени чии мајки не страдале од депресија за време на бременоста.
Според Pearson главниот двигател на зголемувањето на стапката на трудничка депресија е сѐ поголемиот број на бремени жени кои работат и треба да ги усогласат своите семејни и работни обврски, притисокот на социјалните мрежи и на интернетот кои поттикнуваат на споредби и ги обременуваат бремените жени со информации, финансиски притисок и потребата да се обезбедат два приходи во семејството за пристоен живот, недостаток на семејна и социјална поддршка за бремени жени и сѐ поголем притисокот врз интимните партнерски односи.
Gopalan и другите експерти велат дека е потребно да се лекуваат оние бремени жени кои ќе развијат симптоми на депресија, доколку е потребно, и со лекови, со цел да се заштити нивното здравје и здравјето на детето.
Gopalan вели дека децата чии мајки биле лекувани од депресија за време на бременоста, подобро се развиваат.
“Депресивните мајки без третман не се врзуваат со своите бебиња како оние кои не страдаат од депресија”.