УБАВИНА

Рузмаринот ја јакне косата

By kukuriku

December 05, 2021

За да ја зајакнете слабата коса не мора да купувате козметички препарати кои сигурно во себе содржат хемикалии, туку направете свој, сопствен кој ќе биде сосема природен.

Обидете се со рузмарин, бидејќи тој ја храни косата, го стимулира растот и косата ја прави блескава.

Измешајте по една лажичка рузмарин (сушена), камилица и коприва, а потоа прелијте со 100 мл вода.

Во смесата додадете лажичка од овошен оцет и оставете да отстои 20 минути, а потоа процедете.

Измијте ја косата со шампонот кој вообичаено го користите, па втријте ја во кожата направената смеса и не ја плакнете.

Повторувајте го овој третман еднаш неделно.