Специјалната воена операција на Русија треба да заврши на западната граница на Украина, вели членот на Советот на Федерацијата Владимир Џабаров.
Овој заклучок на сенаторот е поттикнат од фактот дека „Украина продолжува систематски да ги убива своите граѓани“.
Згора на тоа, се вршат удари не само врз ДНР и ЛНР, туку и на териториите кои досега формално се сметале за украински, рече тој.
– Сѐ почесто се наметнува идејата дека сојузничките сили мора да го завршат СВО на западната граница на Украина за да се спречи варварското гранатирање на цивили – заклучи Џабаров.
Претходно, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, на пленарната седница изјави дека украинските власти прават сѐ за да ги спречат руските војници да застанат на границите на Народната република Доњецк и Луганск.