Мислите се посебен вид на информации кои можат да бидат причина за многу несакани состојби, болести, несреќи или негативни настани од било кој вид.
Кога информациите со кои располагаме, и кои си ги испраќаме себеси и на другите, се позитивни, сè е во рамнотежа и нашето здравје е оптимално. Но, ако информациите се негативни, тие може да предизвикаат голем број на непријатни ситуации и настани.
На прашањето за откривање на негативни информации, дијагнозата на здравствените и останатите последици, како и враќање на првобитната – здрава состојба, рускиот научник Геннадий Яковлевич Темников, доктор по медицински и општествени науки, психотерапевт, професор и академик посветил повеќе од триесет години работа.
Техниката која ја поучува на основниот семинар д-р Темников ја нарече Седум магични зборови. Ова се всушност шифри или кодови, кои имаат моќ во нашиот систем да иницираат одредени процеси и активности. Прецизно дефинирани информации во форма на код може да имаат добри ефекти врз нашето тело и емоционалната состојба.
Иако оваа техника се нарекува седум магични зборови, не станува збор за било каков вид магија, туку за зборови кои ќе бидат само наши, кои ние самите ќе ги измислиме и ќе ги поврземе со одредени состојби, и со чија примена, според методот на условни рефлекси, ќе активираме одредени позитивни ситуации во своето битие. Оваа техника секој може да ја совлада, а еве и како.
Прво, ние треба да се изолираме и десетина минути да поминеме во целосна тишина и мир. Откако на тој начин ќе се фокусираме на себе, треба да напишеме на хартија седум лични шифри поврзани со седум состојби кои влијаат на програмите кои ги носиме во себе.
Кодовите, односно зборовите кои ќе ги смислиме, треба да бидат само нашите сопствени, сосема нови и измислени во моментот кога ќе ѝ пристапиме на вежбата, и тие никогаш никому не треба да ги откриеме. Овие зборови треба да се состојат од три до четири букви и не треба да значат ништо, но ние ќе им дадеме одредено значење.
Продолжува на страна 2
Првата состојба за која треба да се смисли личен код е љубов. Неопходно е да се потсетиме на ситуација во која почувствувавме огромна љубов, кога, на пример, бевме заљубени или преплавени од љубов кон некоја личност.
Додека во себе ја евоцираме таа емоција, пишуваме на хартија шифра составена од три или четири букви, која од тој момент па натаму за нас ќе претставува асоцијација за љубов. Потоа, додека сме уште во таа емоција, зборот кој туку што сме го смислиле го меморираме и ќе го поврзуваме со таа ситуација – го кодираме.
Во иднина, секогаш кога во себе ќе го кажеме тој код, во нас автоматски ќе се предизвика состојба на љубов, која има моќ нашите клетки да ги врати во првобитна, здрава состојба.
Друга состојба за која имаме задача да смислиме свој збор е омраза. Треба да се потсетиме на човек или ситуација во која почувствувавме најсилна омраза, да го евоцираме тоа чувство и да го кодираме по истиот принцип по кој го направивме тоа за зборот љубов. Магичниот збор е особено ефективен кога станува збор за вируси и бактерии, кои не можеме да ги уништиме со љубовта, но можеме да дејствуваме на нив со омраза. Тие се и бездруго страни организми кои нѐ напаѓаат и од кои, како и во реалниот живот, можеме да се одбраниме само со нешто што ќе ги уништи. Наместо тоа, на пример, да земеме антибиотици, ние ќе ги употребиме нашите негативни емоции.
Третиот збор е обнова. Треба да се потсетиме на ситуации во кои нешто сме саниравле, обновиле, реновиралее, реконструирале. Важно е дека тоа сме го направилеме за себе, и дека во таа прилика се создало чувство на задоволство од она што сме создале или она како сме ја измениле намената. Да го кодираме својот збор и за таа ситуација.
Четвртата состојба е активација и стимулација – заживување на успешно завршено сценарио. Неопходно е да се потсетиме на ситуација во која сме биле многу активни и мотивирани, кога нашата внатрешна стимулација помогнала во постигнувањето на некој успех. На пример, благодарение на внатрешната сила постигнавме извонреден успех во спортот или подготвивме испит за многу кратко време, успешно ја завршивме задачата, пристигнавме на одредено место и слично.
Продолжува на страна 3
Петтата состојба која треба да ја кодираме е универзалната матрица, а се однесува на нашата најдобра верзија на себе од периодот кога сме имале околу 19 години. Тогаш луѓето се на врвот на својата сила, креативна енергија и ентузијазам.
Да се потсетиме како било кога бевме поубави, повитални и поздрави од било кога, кога постигнувавме одлични резултати и во сите области бевме брилијантни или, ако никогаш не бевме во потполност задоволни со самите себе, замислете идеална верзија на себеси во младешката возраст. Кога ќе нѐ обземе задоволство од себе, таа емоција врзете ја за петтиот магичен збор и трајно зачувајте ја.
Шестата слика е слика на идеалната жена. Секое човечко суштество содржи и карактеристики на спротивниот пол. Затоа, е важно во себе да го освестиме моделот кој го негуваме за двата пола. Идеална жена за нас може да биде фантазија или некој кој навистина постои, само е важно да има апсолутно сите квалитети кои, според нашето лично видување, претставуваат совршен човек.
Кога ќе ги замислиме сите супериорни физички, ментални, емоционални и духовни карактеристики и квалитети на еден таков човек, ментално се поврзуваме со таа слика и го креираме својот шести магичен збор.
Седмата слика е лик на идеален маж. Ќе го доловиме по истиот принцип како и идеалната жена и ќе го поврземе за последниот – седмиот магичен збор.
Како да се издаде наредба според која клетките ќе се однесуваат
Кога нашите седум лични зборови ќе ги споиме со горенаведените состојби, ние имаме способност да запреме било која непријатност, болка, крварење, страв, гнев, и тоа да го промениме. Кодовите кои ги смисливме се вид на програма (точни податоци и команди), кои, кога ќе се активираат, го враќаат организмот во оптимална состојба.
Продолжува на страна 4
Тоа функционира по принципот на условеност, секој пат кога ќе го кажеме меморираниот збор, тој ќе претставува наредба, според која нашите клетки ќе се однесуваат. Со оглед на тоа дека сите кодови кои ќе ги смислиме влијаат на нашата благосостојба, и клетките ќе почнат да се однесуваат во склад со тоа. Доктор Темњиков преку неколку примери нѝ објасни како оваа техника се применува во пракса.
“Во случај на потреба програмата ја започнуваме така што во себе го изговараме зборот старт. Со тоа даваме му сигнал на својот мозок да реагира, и да се отвори за понатамошни активности. Потоа го насочуваме вниманието на емоционалната непријатност која ја чувствуваме, го кажуваме во себе кодот за првата состојба – љубовта, и потоа повторно го враќаме вниманието на чувствата. По неколку минути тензијата ќе почне да се намалува, анксиозноста значително ќе се намали, а нашето битие ќе биде преплавено со состојбата на љубов и благосостојба.
Ако, на пример, се повредиме и ќе нѝ потече крв, треба да го употребиме зборот обновување. Јасно е дека нашето ткиво подобро ќе се обнови ако го активираме овој збор. Меѓутоа, ако крварењето и болката не прекинат во рок од четири минути, преминуваме кон некој друг збор – љубовта, на пример. Всушност, се случува кодот да не делува оптимално во дадена ситуација, и тогаш можеме да активираме било кој од седумте зборови. Еден сигурно ќе има влијание какво што сакаме.
Исто така, ако имаме сосотојба со која не можеме да се справиме, како лутина нпр., можеме да измислиме свој магичен збор за тоа и да го активираме секој пат кога ќе почувствуваме наплив на гнев, кој нѝ се заканува да нѐ исфрли од рамнотежа.”
Продолжува на страна 5
Овој метод е особено корисен ако го применуваме во себе, но, исто така, е ефикасен ако работиме со најблиските. Ако нашето дете падне и здобие рана, истата техника која сме ја примениле на самите себе треба да ја примениме и на него да го запреме крварењето.
Важно е да не паничите, туку целосно да се фокусирате на детето, или некој друг и да му помогнете. Со паника, како што знаеме, ништо не добиваме, само уште повеќе ја усложнуваме ситуацијата, а со присебноста и конкретна акција можеме да промениме сè.
За оваа техника да делува, потребно е редовно да ја практикуваме, а со пракса и резултатите се неизбежни. Сепак, постојат ситуации кога некоја здравствена или ментална состојба нема да се излечи со оваа техника, но сигурно е дека ќе се подобри, и тогаш треба да се примени некоја од официјалните терапии.
Официјалната медицина не се меша со примена на техниката која сме ја опишале, како и со голем број на понапредни техники за кои подучува Темњиков. Така, на пример, понекогаш е потребно хируршки да се отстрани канцероген тумор, а со помош на седумте магични зборови можеме да влијаеме на малигните клетки да не се размножуваат и генерално организмот да биде здрав.
Автор: Марија Периќ Митиќ lovesensa.rs