РУСИЈА ВО ХАОС ПО НАЈАВАТА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА – МАСОВНО СЕ НАПУШТА ЗЕМЈАТА ! Граѓаните чекаат со часови за да ги преминат границите на ОВИЕ држави!

208

По најавата на Владимир Путин за делумна мобилизација, Русите почнаа масовно да ја напуштаат земјата.

Авио билетите за дестинации каде на Русите не им е потребна виза се распродадени, а останатите билети, според медиумите, се достапни само за петок, по цена од илјада евра па нагоре.

Бескрајна колона се формира на руско-грузискиот граничен премин Верхниј Ларс, илјадници руски граѓани бегаат од земјата поради најавената мобилизација. Границите на Грузија се уште се отворени, но медиумите пишуваат дека на мажите на воена возраст им е забранет влезот во земјата.

Исто така, во исто време се зголемува и бројот на Руси кои се обидуваат да ја преминат финската граница, која е единствената граница која се уште е отворена за руските граѓани со шенген визи, кои се обидуваат да избегаат од земјата. Балтичките членки на ЕУ, Литванија, Естонија и Летонија, кои граничат со Русија, веќе најавија дека нема да понудат засолниште на ниту еден Рус кој бега од мобилизацијата!

„Одбивањето да се исполни својата граѓанска должност во Русија, или желбата да се стори тоа, не е доволна основа за добивање азил во друга земја“, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалум.

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, ја наведе загриженоста за безбедноста во врска со ситуацијата, додека Министерството за внатрешни работи на Литванија објави дека секој случај на азил ќе се разгледува посебно.

Русите одбиени на границите

Полска, Литванија, Естонија и Латвија во понеделникот на полноќ почнаа да ги одвраќаат руските граѓани од нивните граници, објаснувајќи дека не треба да патуваат додека нивната земја е во војна со Украина.

Забраната ги исклучува руските дисиденти кои бараат азил во ЕУ, заедно со возачите на камиони, бегалците и постојаните жители на земјите од ЕУ, како и оние кои ги посетуваат членовите на блиското семејство.

За масовното иселување на Русите пишува и FlightRadar, позната веб-страница која се занимава со следење летови. Тие објавија кратко видео на кое се гледа воздушниот сообраќај од Москва и Санкт Петербург направен утрово.

Од видеото се гледа дека сообраќајот е зголемен, а најголем дел од летовите завршиле во Турција.

Протести

Повеќе од 109 лица беа уапсени низ цела Русија на протестите против мобилизацијата, објави руското движење за човекови права ОВД-Инфо.
Апсењата се случија неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација, објави Ројтерс.

ОВД-Инфо соопшти знае дека луѓе се уапсени во најмалку 15 руски градови.

Неовластените собири се нелегални според руските закони.

Путин прогласи делумна мобилизација, односно регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резерва, а пред се оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство.