Русија со трета регистрирана вакцина против коронавирусот

321

Министерството за здравство на Русија ја регистрираше третата вакцина против коронавирусот – „Ковивак“, која е произведена од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „М.П. Чумаков“.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин изјави дека првите 120.000 дози на вакцината ќе бидат објавени на пазарот во средината на март, пренесува „РИА Новости“.

Центарот „Чумаков“ планира да влезе на меѓународниот пазар со вакцината.

„Ковивак“ е вакцина заснована на целиот вирус. Таквите препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во можност да предизвикаат болест или веќе умртвени вируси, наведува агенцијата.

Две вакцини против коронавирусот веќе се регистрирани во Русија – вакцината „Спутник V“ развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ од руското Министерство за здравство и вакцината „Епивак“ на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, пренесува „Танјуг“.