Русија | Неофицијално тестирана вакцината против коронавирус, без негативни ефекти

326

Експерти од рускиот национален научен центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ ја тестираа вакцината против „Ковид-19“, а експериментот успеал затоа што нема негативни ефекти, рече денес директорот на тој центар, академик Александар Гинзбург.

Гинзбург за „Интерфакс“ изјави дека откако била тестирана вакцината, сите биле „живи, здрави и среќни“, додавајќи дека вакцината била тестирана од пронаоѓачи на вакцини и организатори на клинички испитувања и технолози.

Во моментот, вакцината е официјално во фаза во последната фаза на претклиничките испитувања, а таа се тестира на примати.

Штом се појават резултатите од примарните тестови, Центарот ќе испрати барање до Министерството за здравство за дозвола за клинички испитувања.

После тоа, ќе започнат официјалните испитувања на волонтери, објасни Гинзбург.

Тој изјави дека клиничките испитувања на вакцината против коронавирус може да бидат завршени до крајот на летото.