Русија ја победи короната, а Путин укажа на една многу опасна работа

578

Националното единство на граѓаните на Русија овозможи да се реагира соодветно на предизвиците на епидемијата, иако не без одредени пропусти, рече претседателот на Русија, Владимир Путин.

Рускиот претседател забележал дека може да се види позитивна динамика во борбата против вирусот корона.

„Сега е важно, секако, да се дејствува внимателно и во согласност со моменталната состојба, но сепак да се продолжи со напорите да се надминат штетите предизвикани од епидемијата на економијата и социјалната сфера“, објасни Путин.

Што се однесува до смртноста, што е еден од основните показатели за ефикасност во работата, состојбата во земјата не е толку лоша.

Претседателот истакна дека стапката на смртност од коронавирус на 100 илјади жители во Русија е многу пати пониска отколку во голем број други земји, вклучително и европски земји со развиени системи за здравствена заштита.

Во Русија има значително помалку смртни случаи отколку во други земји

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на смртни случаи кај лицата со Ковид-19 во Русија е многу пати помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

„Бројот на смртни случаи во Русија на примерок од 100.000 пациенти со коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со поразвиени здравствени системи“, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека бројот на новозаразени се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.