Роналдо донира за лечење на малата Софија од Белград

81

Петкратниот најдобар светски фудбалер Кристијано Роналдо се вклучи во хуманата акција за лечење на едногодишната Софија Маркуљевиќ од Белград, која боледува од ретка болест на спинална мускулна атрофија.

Софија за лекување во САД и се потребни 2,1 милиони долари и семејството има рок од 10 месеци да ги собере средствата, а португалскиот фудбалер од Јувентус го донираше дресот од мечот против Милан, кој е ставен на аукција и целиот приход ќе оди во фондот за помош.

Роналдо претходно се врати на тренинзите во Јувентус и ќе се обиде да се подготви за финишот на сезоната чие продолжение е закажано за 20 јуни.