Потребно
За палачинките
- 2 јајца
- околу 2 чаши млеко
- околу 2 чаши брашно
- маслец
За филот
- 350 г крем сирење
- 400 г чаден лосос
- 10 парчиња каперси
- 2 кисели краставички
- неколку страка копар
Подготовка
Најнапред подгответе ги палачинките, со комбинирање на сите состојки. Потоа во добро загреана тава стопете мала количина маслец и ставете малку од тестото. Се шири добро со кружни движења и по околу минута-две се вртат палачинките.
Кога палачинките се подготвени може да направите и ролни. Во сад се комбинираат крем сирењето заедно со сецканиот копар, каперси и краставички. Намачкајте ги палачинките и потоа наредете го лососот. Намотајте и исечете ги на ролни со големина околу 2-2,5 см.