ОД СКРИЕНИОТ ТЕФТЕР

Ристо Јачев | ЗАГУБЕНА ПАДИНА

By kukuriku

February 28, 2019

ЗАГУБЕНА ПАДИНА

Така како дете Мама ќе ми речеше: – Ичку бе, ним пули н’т пл’анинта дек шо пие вода месичинта нојќај легни си ќе ти дојде ву сонут к’ту шумска нивистулка с’те деца т’ка прав’т а сунув’т.

Така како што одев Го загубив сонот Без сон сум до денес. Сега нема кој да ми рече: – Ичку, ним пули н’т пл’анинта Ним пули во месичинта, Оти и они ослепеа Со мајка си умреа.

Ете така, само јас како ѓавол вртам. И како низ темна камара и како во затворена матра низ главата ја барам невестулката самовилата со плетената опашка во мојата загубена падина.