Во првото испитување на луѓе ќе бидат вклучени 80 пациенти од Велика Британија дијагностицирани со рак на белите дробови.
Тимот научници кои стојат зад вакцината на Oxford против COVID, создаде уште една вакцина која, како што велат, би можела значително да го подобри лекувањето на ракот. По ветувачките резултати од тестирањето на животни, вакцината сега треба да се тестира кај луѓе.
Како што пишува The Sun, новиот потенцијален лек е комбиниран со постоечка имунотерапија што го зајакнува имунолошкиот систем на човекот да се бори против ракот. Оваа комбинација, за време на студијата, успешно ја намали големината на туморот кај глувците, па дури и ги зголеми стапките на преживување.
Во првото испитување на луѓе ќе бидат вклучени 80 пациенти од Велика Британија дијагностицирани со рак на белите дробови.
Врз основа на векторска технологија
Вакцината се заснова на векторската технологија што се користи за создавање на AstraZeneca вакцината против коронавирус, а исто така е дадена во две дози кои треба да го поттикнат телото да реагира на MAGE протеините кои можат да се најдат на површината на клетките на ракот.
„Ова има добар потенцијал и може да значи револуција во лекувањето“, рече член на тимот за развој, професор Adrian Hill.
„Црвени крпи“ за имунолошките клетки
Професорот за имунологија на туморот во Oxford, Benoit Van den Eynde, вели дека протеините MAGE, кога се користат во терапија, се претвораат во „црвени крпи“ за клетките на имунолошкиот систем кои би требало да ги уништат туморите. Целта на терапијата е, според тоа, да се стимулира имунолошкиот систем на пациентот да се бори со малигните клетки.
Досегашните имунотерапии дале ветувачки резултати во лекувањето на ракот, но сепак, некои пациенти немаат доволно Т-клетки во нивното тело за успешна борба против туморот. Вакцината има за цел да го зголеми количеството на овие клетки, а испитувањата на глувци покажаа дека тоа може да функционира.