НАУКА

Решена мистерија за чудните пустински прстени | Фото/Видео

By kukuriku

January 26, 2021

Интригантни кружни слоеви на неплодно земјиште, први забележани на сувите пасишта на Намибија, а потоа видени расфрлани низ австралиската заднина, наречени „самовилски кругови“, ги оставија научниците да се прашуваат како да го објаснат нивното постоење.

Седумдесетгодишната теорија очигледно и помогна на науката да го објасни потеклото на мистериозните „самовилски кругови“ – формирање пустинска трева што расте околу кружните делови на суво тло.

Во нивната нова студија, објавена во Еколошкото списание на британското еколошко друштво, тим научници предводени од екологистот Стефан Гецин од Универзитетот во Гетинген во Германија користеа теорија воведена од познатиот англиски математичар Алан Туринг во 1952 година.

Алан Туринг е творец на „Туринговиот образец“, според кој динамиката на одредени еднообразни системи може да „произведе стабилни обрасци кога се нарушуваат“.

Теоријата за „редослед на нарушувања“ што следеше ја формираше теоретската основа за интригирачките повторливи мотиви забележани во природниот свет.

Сега, новата студија ја примени теоретската појава на интригантните и претходно необјасниви „самовилски кругови“.

Продолжува на страна 2

Мистериозни кругови

Прво документирани во пустината Намиб во јужна Африка, а потоа откриени низ австралиската заднина, различните примероци со дијаметар од 2 до 15 метри ги збунија научниците кои не можеа да го објаснат овој феномен.

Едно објаснување беше дека необичните кругови се последица на активност на термитите под африканско тло. Оваа теорија се покажа како неточна по откритието дека австралиските самовилски кругови немаат никаква врска со термитите.

Друга теорија беше дека круговите се индикација дека растенијата формираат одредена шема кога бараат ограничени водни ресурси.

Во најновото истражување, Стефан Гечин и неговите колеги истражувачи користеа беспилотни летала опремени со мулти-спектрални камери за снимање на самовилските кругови одозгора. Истражувањето е спроведено во близина на рударскиот град Њуман во регионот Пилбара во Западна Австралија.

Според една од хипотезите на овие научници, распоредот на Туринговиот образец на самовилските кругови би се манифестирал особено кај тревите со поголема зависност од влагата. Додека користеле сензори за влага во земјата и ја анализирале просторната поделба на тревите со висока и ниска виталност, научниците откриле дека робусните треви со висока виталност се покажале посилно поврзани со самовилските, отколку тревите со ниска виталност.

Продолжува на страна 3

Соодветно на тоа, оваа студија ги понуди првите емпириски податоци што ги поврзуваат самовилските кругови со децениската теорија на Туринг.

Интригирачки е што тревите активно ја создаваат своја околина со формирање симетрично распоредени обрасци на празнини – рече Гецин. Неверојатно е што истражувањата покажуваат дека тревите што ги сочинуваат самовилските кругови растат на „кооперативен начин“ со цел да ја обликуваат нивната околина и подобро да ги издржат сувите услови.

Вегетацијата има придобивки од дополнителното истекување на вода обезбедено од големите самовилски кругови, а со тоа го одржува сувиот екосистем функционален дури и во многу сурови и суви услови. Без самоорганизирање на тревата, оваа област најверојатно ќе стане пустина, во која доминира голата почва – рече Гецин. Иако се чини дека мистериозниот феномен е близу до конечното решение, ќе биде потребна поголема работа на терен за да се потврдат математичките модели, тврдат научниците.