Решавајте ги проблемите како Алберт Ајнштајн – по негова формула

1072
Albert Einstein

Наместо како без глава да настојувате во обидите за решавање на проблемите, подобро е да се земе длабок здив и добро да се согледа проблемот. Поточно, ако го разберете проблемот, тогаш ќе ви биде многу полесно да го решите.

Дали сте абележале дека секогаш ви е полесно да дадете вистински совет на некој друг, отколку на себе? Исто така, многу е важен начинот на размислување и избегнување на проблемите.

Алберт Ајнштајн рекол: “Ако имам еден час да го решам проблемот, ќе потрошам 55 минути на размислување за него, а пет за тоа како да го решам.” И бил во право. Наместо како без глава да се обидувате да го решите проблемот, подобро е длабоко да земете здив и добро да го согледате. Поточно, ако го разберете проблемот, тогаш ќе ви биде многу полесно да го решите.

Замислете дека вашиот проблем не е ваш, туку на некој друг и што би советувале. Исто така, ако е можно, обидете се да го поделите проблемот на помали единици и добро размислете за последиците, за секоја одделно – на пример, како ситуацијата би можела да се развие ако ова го направам на овој начин или она на друг начин.

Обидете се да ги разгледате последиците од секој чекор кој планирате да го направите за да видите дали тоа е добра одлука.

Исто така, важно е како го претставувате проблемот, или кои зборови ги користите. Да претпоставиме дека сакате да престанете со пушењето затоа што тоа станало проблем за вас, и наместо да си повторувате “Ќе престанам со пушењето”, подобро повторувајте “Јас ќе го продолжам својот живот, ќе бидам поздрав, ќе имам повеќе енергија.” Таков начин на размислување попрво ќе ве доведе до целта.

Добар трик е и да се формулира проблемот како прашања, бидејќи човечкиот мозок едноставно ги сака загатките и автоматски бара одговор, дури и кога не сме свесни за тоа. Исто така, добрата мотивација е и наградување.

На пример, проблемот за вас се неколку килограми вишок и сакате да ги намалите. Тогаш размислувате на овој начин – цела недела ќе внимавам на калориите, но во недела ќе си дадам слобода и ќе се заситам со некое слатко. Килограмите ќе паѓаат без оглед на еден “погрешен” ден, а ќе се чувствувате и мотивирано.