Регистрирани 29 земјотреси | Зголемен е бројот на жртвите – 9 | Фото/Видео

489

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди земјата во 03:55 часот утрово. Епицентарот бил во Шијак, 10 километри од Драч и 31 километар од Тирана.

Билансот на жртвите е во пораст. Од силниот земјотрес што ја погоди Албанија во раните утрински часови, има 9 смртни случаеви. Над 300 лица повредени, а најалармантно е во Тумана, во близина на Драч.

Се дознава дека уште две тела биле извлечени од зграда во Драч. Една од жртвите е девојче. Моментите на извлекување јасно се гледаат на сликата подолу.

За овој временски период од првиот земјотрес во 03:55, кој е најсилен со 6,4 степени, до сега регистрирани се 29 земјотреси со помал интезитет.