Разделбата / разводот е тешко искуство не само поради емоционалниот аспект дека се дистанцирате од човек кој бил дел од животот и сте го сакале или сте уште најблиски, туку и затоа што со времето се случило така дека имате многу што да делите.
Да ги оставиме настрана заедничките пријатели кои имаат сопствено мислење за оваа тема и кои не може вие да ги поделите.
Со покуќнината сепак прашањето е различно.Big Yellow Self Storage направи кратко истражување и откри дека 40% од драмата за време на развод, е заради предмети или попрецизно нивната поделба.
Видете и што не можат да си поделат поранешните и доведува до тешки компликации во нивната разделба:
- Автомобилот
- Заеднички фотографиии со убави спомени
- Драги мали предмети (фотоапарат, сувенири и т.н.)
- Наследени предмети (масата од ковано железо на баба ви, фотелјата од чичко …)
- Телевизорот
- Лаптоп / компјутер / таблет
- Креветот
- Софата
- Бела техника (фен, садови, машина за перење)
- Документи.