РЕЦЕПТИ

Раскошен десерт со јагоди

By kukuriku

August 18, 2020

Фантастичен десерт за целото семејство…

Состојки за чоколадниот бисквит

За сирупот за натопување на бисквитите

За фил од јагоди со путер

За крем од кокос и ванила

Подготовка

Најпрвин сварете го кремот, така што ќе разматите скробно брашно со шеќер во крем ликерот, па додадете ги пенасто изматените жолчки.

Загрејте го кокосовото млеко (литар вода и 250 гр кокосово брашно даваат 900 мл прекрасно густо млеко) и сварете густ крем.

Префрлете го во сад за ладење, прекријте ја површината на кремот со проѕирна фолија. Додека да се олади кремот, се мати бисквитот: жолчките изматете ги пенасто со шеќерот, измешајте го стопениот путер со чоколадо, додадете го млекото и врела вода.

Измешајте ги преостанатите состојки и снегот од белките.

Лим за торта (24 см) обложете го со хартија за печење, налијте ја смесата.

Печете на 175 степени, направете тест со чепкалка.

Оладениот бисквит пресечете го на 3 еднакви кори (исечете го горниот тврд дел).

На лесен оган загрејте го пирето од јагоди (во помал дел разматете го скробното брашно со шеќер и ванила), сварете го кремот и додадете го и путерот.

Долниот дел од бисквитот ставете го на плех, поставете го обрачот, натопете го со мешавина од млеко и ликер, па премачкајте го со топол фил од јагоди.

Ставете го во замрзнувач на кратко да се стегне, премачкајте го со крем од кокос и ванила во која сте го сматиле и шлаг кремот подготвен со 100 мл млеко (не како што пишува на кесичката).

Поклопете со другиот бисквит, исфилувајте го до крај, па украсете по желба.

Дополнително

Разладената торта можете да ја прелиете со глазура – 100 грама чоколадо + 4 лажици масло.

Измазнете ја тортата со шпатула и околу залепете класичен чоколаден обрач – чисто растопено чоколадо премачкано по лентата на хартијата за печење.

Горе украсете со чоколаден шлаг крем, чоколадни трошки и јагоди во чоколадо.