Eксперти предложиле метод со кој секој човек може да се дијагностицира сам.
Американски научници продолжуваат да бараат знаци, преку кои кај пациентите може да се открие рак во почетна фаза.
Неодамна експерти предложија метод со кој секој човек може да се дијагностицира сам.Треба да се прецизира дека за новата методологија научниците не тврдат дека е сензационална, но таа може да им помогне на луѓето сами да утврдат онкологија во рана фаза и да ги охрабри навремено да започнат третман, пишува informin, цитиран од checkonline4you.
Така меѓу повеќето главните симптоми на рак е зголемената телесна температура во границите на 37.0 – 37.5 степени. Тоа значи дека сите оние кои секогаш се со таква температура и не чувствуваат други симптоми на настинка, труење или воспаление, веднаш треба да одат во болница.
Исто така уште еден знак за рак се смета неочекувана загуба на тежина кај луѓе кои не се на диета и не вежбаат.
Покрај тоа, научниците препорачуваат да се следи секојдневно за силата на телото, па едни од белезите на ракот се смета прекумерен замор и поспаност.
А четвртиот знак на рак во рана фаза е воспалено грло, засипнатост и незарастващи рани на усните.