ПСИХОЛОГИЈА НА ЖИВОТОТ / УСПЕХОТ

Работи кои ќе ве направат незапирливи во животот

By kukuriku

February 26, 2020

Според англискиот филозоф Ален де Ботон, секој што не се срами од она што бил минатата година најверојатно не учи ништо ново или доволно. 

Колку е различен твојот живот од оној пред 12 месеци? Ако е многу сличен, тогаш значи дека не сте научиле многу. Да учиш значи да се менуваш и развиваш, а за да го правиш тоа потребно е да си создаваш врвни искуства. Кога последен пат сте имале врвно искуство? Кога последен пат сте ги истегнале мускулите на храброста?

За да може човекот да бележи константен психички развој потребно е многу да работи на себе. Сепак има голем број на луѓе кои на некој начин се имаат “запоставено” во однос на грижата за себе си, но никогаш не е доцна за промени.

Ако сте спремни да ја сјаете во 2019 година потребно да почнете со воведување на позитивни навики.

Првенствено имајте на ум дека животот е убав без разлика што од него се дел и лошите искуства, како и фактот дека  ние сме креаторите на иднината и ние сме тие кои што ќе одлучиме што ќе памтиме од минатото.

Будете се порано

Поставете си цел да се будите седум дена по ред порано за да можете да создадете нова навика, притоа имајте на ум дека денот ќе ви биде подолг и на тој начин ќе можете да ги остварите сите обврски, а да не бидете во трка со времето. Ако немате обврски тогаш искоритете го плус времето за спортување.

Пијте повеќе вода

Штом ќе се разбудите, напијте се чаша вода, тоа ќе и помогне побргу да се расоните. Навиката на внесување на вода одржувајте ја и во текот на целиот ден. Пиењето на доволно вода ја одржува нашата витка линија, ја прави кожата здрава и убава и ја подобрува работата на мозокот.

Продолжува на страна 2

Запишувајте ги вашите цели секое утро

Константното запишување секогаш ќе ве потсетува на што не треба да заборавите и кои се вашите примарни цели. Со тоа што секое утро ќе го почнете со пишување, вашиот мозок ќе почне да ги менува вашите гледишта а иднината и ќе се фокусира кон нивно остварување. Во пишувањето внесете и емоција. Колку повеќе емоција, толку поголеми се шансите за остварување на вашите цели.

Исклучувајте го телофонот почесто

Времето кое го поминувате не гледајќи во вашиот телефон ќе ви помогне да почнете да живеете во реалноста и во сегашниот момент. Освен што се запоставувате самите себе, вие ги запоставувате и луѓето околу вас, а доколку сте родите го давате најлошиот пример за вашите деца. Децата уште од млади години треба да се учат дека важни се вистинските односи со луѓето, а не односот со технологијата.

Практикувајте прошетки

Испитувањата покажуваат дека прошетките овозможуваат зголемување на креативната инспирација. Многу познати и успешни личности како Марк Зукемберк и Стив Џоб можевме да ги забележиме како нивните креативни состаноци ги извршуваат во одење. Оваа активност не само што го чисти вашиот ум и му дава свежи идеи, таа е добра и за одржување на вашето здравје.

Ставете приоритет на вашиот живот и обврски

Кога акцентот го ставате на вашиот живот, тогаш во целост ќе бидете посветени на обврските и целите кои ќе ве направат подобра личност. Ако некоја работа не ја правите во ментот, тоа не е поради што немате време , туку поради тоа шѕто таа работа не ви е приоритет.

Продолжува на страна 3

Елиминирајте ги сите непотребни обврски

Заштедете си го времето така што ќе ги отфрлите обврските кои ви се сосема непотребни во вашиот живот. Кога ќе ја применувате техниката на запишување на приоритетите секое утро, полесно ќе можете да приметите кои работи не се ваши приоритети.

Станете повеќе имагинативни

Животот треба да биде забавен, а не мачење. Колку сте повеќе реативни и со поголема имагинација, толку повеќе ја развувате вашата емоционална интелегенција. Некои истражувања покажале дека поголемиот дел од луѓето имаат „фиксиран“ ум, односно дека никогап не пробуваат да направат нешто „надвор од кутијата“. Ако вие сте едни од тие тогаш вашата имагинација не е доволно развиена.Пробајте да замислувате, па дури и ако вашите замислени проекции не ви изгледаат премногу опстварливи. Имагинацијата ќе ве направи ментално и емотивно флексибилни.

Креирајте повеќе врвни искуста

Врвните искуства се нови и големи. Тие вклучуваат гледање на светот од друга страна. За да доживеете врвни искуства потребно е се впуштате во нови искуства. Тие се случуваат кога ќе излезете од вашата конфортна зона, односно кога експериментирате. Врвните искуства не треба да бидат ретки. Превземајте ризици и целете кон најдоброто. Тие ќе ја зголемат вашата имагинација и ќе ги рашират очекувањата за вашата иднина.

Задлабочете го Вашиот однос со родителите

Длабоката врска со вашите родители е една од најфундаменталните работи за промена во вашиот живот. без разлика колку изгледате силни однадвор, ако ја немате остварено оваа врска тогаш вашата емоционална стаблност е на прагот на распукување. Многу често се случува врската со родителите да биоде токсична и неподнослива, па доколку се најдете во ваква ситуација, пробајте да им простите и да гледате на позитивната страна. Продлабочувањето на врската со вашите родители не само што ќе ви помогне на вас, туку ќе им помогне и на родителоте а ги подобрат своите личности.

Продолжува на страна 4

Развијте заштитничка врска

Во едно интервју, познатиот кошаркар Коби Брајан изјави дек на почетокот на кариерата многу натпревари ги завршувал со 0 освоени бодови. По еден натпревар неговиот татко му кажал дека без разлика колку бодови освојувал тој ќе го сака и подржува неизмерно. Од тој момент Коби се почувствувал сигурно и сакано па тоа му дозволило да превзема повеќе ризици. Превземањето на ризици го извадо Коби надвор од неговата конфорта зона, а со тоа го подобри и неговиот резултат. Колку повеќе ја развивате вашата заштитничка врска, толку повеќе му дозволувате на зашиот заштитен да оди нанапред.

Пробајте да одбегнувате помалку работи

Пробајте да не ги одбегнувате работите кои мислите дека може да не се остварат. Наместо тоа правете се и превземајте ризици. Ризикикот често знае да се исплати.

Слушајте ја вашата потсвест

Секое однесување и сигнализира на вашата потсвеста што мислите дека заслужувате и во што верувате во светот. Потсевста е таа која ви кажува што е нормално, а неа можете да ја менувате во зависност од вашите цели.

Станете емотивно пофлексибилни

Емоционалната флексибилност ќе ви овозможи подобро да се соочите со ситуациите кога ќе сте надвор од конфорт зоната, како и ќе го намали стравот од непознато и загубата. Единствениот начин да се чувствувате повеќе емотивно флексибилни е преку вежба. Редовно изложувајте се дирктно на тоа што се плашите и поробајте да се соочите. Како што го доживувате емотивниот шок од непознатото, станувате се подобри во остварување на вашите цели.

Продолжува на страна 5

Фокусирајте се на 90 дена забрзани цели отколку на планови за елата наредна година

Новогодишните резолуции не функционираат. Тоа до сега го имаме заклучено.

Па што е подобар метод?

Подобар метод е поставување на 90-дневни спринтови. На секои 90 дена, ги разгледувате претходните 90 дена, потоа поставите нови цели за следните 90 дена.

Одмарајте почесто

Одморот не е само спиење, тој е правење на паузи. Фокусирајте се на кратки интензивни работења, проследени со долги паузи исполнети со забава и собирање на искуства. Одморот ја овозможува продуктивноста и во физичка и психичка смисла.

Размислувајте повеќе

Без разлика дали е наутро или навечер давајте си прилика да размислувате почесто, бидејќи само тоа ќе ве доведе до донесување на правилни одлуки. Кавлитетното размислување го подобрува квалитетот на животот. Ако постојано го надградувате својот живот и учите нови работи, тогаш вашите мисли постојано ќе се менуваат, прошируваат и поврзуваат.

Давајте повеќе

Една од најголемите ментални транзиции што човек може да ги постигне е преоѓањето од “земач кон давач”. Научете да давате, бидејќи само со земање нема да постигнете ништо. Вие ќе се чувствувате подобро за себе, но истовреме ќе правите добро и за другите.

Продолжува на страна 6

Инвестирајте повеќе во себе

Кога инвестирате во себе, го надградувате вашиот потсвесен начин на размислување. Во суштина, вие си велите – можам да бидам, да направа, и да имам повеќе отколку што сум, правам или имам во моментов.

Инвестирајте повеќе во другите

Колку повеќе се вложувате за другите околу вас, толку повеќе ќе бидете поврзани со нив. Колку повеќе се инвестирате во човештвото, толку повеќе се грижите за целата планета.На овој начин ја гледате важноста на вашите блиски.

Инвестирајте повеќе во организации во кои верувате

Успехот и среќата се ненамерни “несакани ефекти” кои доаѓаат од посветеност на нешто во што навистина верувате.

Фокусирајте се на прогрес повеќе отколку на времето

Не треба да го мерите вашиот живот врз основа на тоа колку долго трае нешто. Наместо тоа, треба да го измерите вашиот живот врз основа на тоа колку далеку се стигнале.

Фокусирајте се на целта повеќе отколку на самиот процес

Процесот е средство кое со кое ја постигнувате целта. Целта го одредува процесот, а не обратно.

Продолжува на страна 7

Фокусирајте се на вештините што ги поседувате, наместо на пасијата што ја имате

Наместо да ја барате вашата страст или да барате совршен “процес”, одлучете што сакате да направите, или верувате дека треба да направите, а потоа одете кон целта. Знајте ги вашите вештини и корестете ги за да ја постигнете целта.

Фокусирајте се на односи повеќе отколку на пари

Животот е за “кој” знаете, повеќе од “што” знаете. Со други зборови, вие би можеле да ги имате сите вештини и способности во светот, но ако не можете да работите добро со луѓе, вашите шанси за успех се далеку намалени. Меѓутоа, ако имате вештини и научите како да ги користите тие вештини за да им помогнете на вистинските луѓе, вашиот успех ќе се зголеми.

Фокусирајте се на фамилијата а не на минливите пријателства

Едноставно кажано, потребни ви се длабоки и здрави врски со семејството и блиските пријатели за да бидете успешни во животот. Ако немате семејство, тогаш изградете едно.

Фокусирајте се на креативност наместо на потрошувачка

Креативноста е трансформација, бидејќи таа вклучува имагинација и правење на работи кои не сме сигурн дека ќе успеат. Тоа подразбира откривање на една нова страна од себеси кон другите во обид за создавање на врски.

Продолжува на страна 8

Фокусирајте се на развој а не статус

Голем дел од луѓето се грижат премногу за својот статус во општеството. Тоа е поглешно.

Развојот често доаѓа на штета на статусот.

За да растеш, треба да го ризикуваш статусот и успехот на твоето минато за нешто ново и подобро.

Фокусирајте се повеќе на учење, отколку на забава

Ако се трудите да направите големи скокови во вашиот живот, со сигурност ќе бидете „избркани“ од вашата конфот зона и ќе почувствувате огромен стрес. Но, ако научите да го менаџирате тој стрес и да бидетре емотивно флексибилни тогаш ќе дојде до огромни трансформации во вашиот живот.

Фокусирајте се повеќе на инвестиции отколку на трошоците

 Ништо не е трошок. се е инвестиција. Кога животот ќе почнете да го гледате како инвестиција, тогаш ќе можете повеќе да се фокусирате на него и на главните цели.