Путин наредил создавање руски бренд на “зелена”, а не-ГМО храна која ќе биде светски позната

474

Големите руски природни ресурси треба да послужат како гаранција за квалитетно производство на храна, рече претседателот Владимир Путин.

Земјата ја обезбеди својата независност на глобалниот пазар на пченица, додаде тој.

“Ние не сме само еден од најголемите извозници на пченица, минатогодишниот извоз изнесуваше 44 милиони тони. Имаме барем уште едно достигнување”, рекол претседателот во своето годишно обраќање до Сојузното собрание.

Тој објасни дека “Благодарение на руските научници, ние ја гарантираме нашата независност во производството на житни култури. Експертите ќе потврдат колку е тоа критично и важно.”

Предноста на Русија е во нејзините огромни природни ресурси, рече Путин, додавајќи дека овие ресурси треба да се користат специфично за да се зголеми производството на органски, а не ГМО прехранбени производи.

“Ја повикувам владата да создаде заштитен бренд на еколошки прифатливи, зелени производи. Треба да се осигураме дека во ова производство се користат само безбедни технологии за здравјето на луѓето”.

Путин истакна дека производството треба “да служи како гаранција за висок квалитет и во земјата и во странство”.

“Ве уверувам дека овие производи ќе бидат многу популарни во странство и на Запад, бидејќи ништо од квалитетна храна не остане таму”.