Путин нареди масовна вакцинација против коронавирус од наредната недела

169

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на 2 декември на потпретседателката на руската влада Татјана Голикова наредната недела да се почне со масовна вакцинација против коронавирус.

„Би ве замолил да ја организирате работата на начин што ќе овозможи да почнеме со масовна вакцинација до крајот на следната недела“, рече Путин.

Рускиот лидер додаде дека руската фармацевтска индустрија е подготвена за вакцинација од големи размери, бидејќи количината дози на веќе произведената вакцина во наредните денови ќе достигне два милиони.

Голикова нагласи дека вакцината ќе биде бесплатна и на доброволна основа. Според неа, во моментов се оценуваат приоритетните групи население за вакцинација, вклучувајќи ги лекарите и просветните работници.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека при дистрибуцијата на вакцината против коронавирус приоритет ќе имаат руските граѓани.

Инфектологот Ирина Шестаков на 24 ноември изјави дека за запирање на пандемијата од коронавирус ќе мора да се вакцинираат околу 75 отсто од населението.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.